Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9308
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
„Преображeнското востание“ и Илинденското
Сподели на Facebook
Со нацртот „Илинденско-Преображенско востание“, бугарската историографија се обиде да ги прикрие суштествените факти за националните стремежи на Македонците.
1. т.н.р „Преображенско востание“ е замислено и реализирано како дополнително востание за поткрепа на револуцијата во Македонија.Тоа требало да ги раздвои и развлече турските сили а со оглед близината до престолнината на Турција, да забави дополнителни трупи кон Македонија, која за тоа време веќе би требало да биде со зацврстена своја власт. Се сметало и дека дотогаш кај надворешниот фактор ќе има зголемен интерес а со тоа и притисок кон Турција за евентуални продолжени војувања.


Списанието Илинден во 20-тите години за водачите од Одринско

2. Не случајно, на Конгресот во Смилево – каде се донесени најбитните одлуки и каде се уточнува стратегијата и тактиката и се избира Главниот штаб на Востанието – не присуствуваат дејците од Одринско. Од друга страна, на Конгресот на Петрова Нива (Странџаско), одржан дури два и пол месеца по Смилевскиот конгрес, се вклучени тројца Македонци – претседателот Васил Пасков, потпретседателот Венко Думев и секретарот Христо Силјанов, и само еден Одринец – А. Разбојников.Со ова се потврдува кој е главниот реализатор и контролор на сите замислени фази од овие востанички дејствија, тоа е – Македонија.

3. Токму малубројноста на востаниците во Одринско, задоцнетиот почеток и помошта од страна на македонските активисти при организирањето на населението – го претвори бунтот на „преображенците“ во ехо на Илинден. Но тоа и ја докажува главната цел – првенствено ослободување на Македонија и Македонците.

4. Уште посуштествена и порешавачка е разликата во однос на целта што си ја поставуваат и едните и другите востаници. Таа разлика, всушност, е и причината за еквилибристиката на современата бугарска историографија. Македонците-Илинденци се борат за политичка слобода, ја изградуваат својата Крушевска Република и ја поставуваат основата на својата идна државност.

5. Илинденското востание е чист македонски национален стремеж. Кога бугарските чети навлегле во Серскиот округ, кој е под контрола на Јане Сандански, за да наводно му помогнат на востанието, војводата му наредил на поручникот Л. Стоенчев да ги симне бугарските војнички ознаки од капите на војниците. Истиот стремеж е и кај другите војводи јасен. Во полемика со бугарскиот полковник Јанков, војводата Чакаларов уште цела година пред овие настани – јасно ќе му соопшти: „Слободата ќе ја извојуваме ние самите. Не ја сакаме од тебе.“ Атанас Поп Николов, пак дополнил: „Ние не можеме да ги почитуваме тие еполети и таа униформа“, и почнал да ги кине ознаките.


Војводата Васил Чакаларов на Бугарите јасно им го соопштува самостојниот македонски стремеж

6. За време востанието, во Костурскиот регион е лансирана идејата за ковање на сребрени и бакарни монети што ќе бидат платежно средство во идната држава. Подготвен е и отпечаток за монетите – со грб од едната страна и со текст „ВМОРО, 1903“ (Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација, 1903), со што се гледа стремежот и за монетарна македонска самостојност.

7. Јасна е и посебната македонска хералдичност со чисто национални македонски бои и симболи. Војводата Славејко Арсов го „промовира“ востаничкото знаме – „свилено, со црвена основа, на којашто е извезена мома Македонка, во граѓанска носија.

8. Во сите документи Илинденското востание е со чисти македонски национални интереси а ако некаде и се спомува поинаку тоа е во врховистичките елементи (само во три случаи се споменува определба „бугарски“, како она од писмото на врховистот Борис Сарафов до бугарската Влада).

9. Не само кај Македонците, но и од документите кај Одринците се осознаваат македонските засебни национални факти. Раководителот на бунтот во Одринско, а родум од Пловдив - Михаил Герџиков, сведочи дека меѓу тамошното население „постоеше надеж дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците и дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту се влеваше надеж дека Бугарија ќе ја поддржи борбата“. Значи јасно е дека Одринците за поблиски ги сметаа Македонците одошто Бугарите на кои воопшто не им веруваат иако овие се со самостојна држава и сигурен грб (Русија).

10. Постапките на Македонците, и населението во Одринско немаа за цел присоединување кон Бугарија, амбициите им одеа кон тоа да се надмине ропскиот статус и да се подобри нивната социјална положба. Од тие причини, водачите на Илинденското востание ги користеа изразите „народот од цела Македонија и од Одринско“ и „христијаните од Македонија и од Одринско“. Сепак, главниот лозунг е : „Да живее борбата за слобода на автономна Македонија!“

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9253 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 02 ноември 2024
Моментно посетители: 48

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Перфидии” - воени подлости
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: