Таа ни го покажува Рим, центарот на светот, Рим, крстопатот на цивилизациите, Рим , нај големиот град, Рим од кој се почнува но и Рим во кој се, завршува.
Римјаните обилно ја користеле пропагандата. Цезарите кога ги граделе огромните арени, каде на насобраниот народ му ги приредувале познатите борби, што за забава повеќе за – восхит на шаренилото од ѕверови, гладијатори, забранети вери, а сите од различни мердијани и сите гинејќи од различни смислени игри.
А собирањето народ по улиците на Рим за да ги гледа плениците и пленот од робје во синџири, меѓу кои и кралеви по изгубените војни за своите држави.Така бил шетан и последниот македонски крал Персеј и неговите деца завршуваат како робови на Рим.
Во војните Римјаните биле особено вешти при пропагандите. Најуспешниот на бојното поле бил и највештиот во пропагандите – Гај Јулиј Цезар.Тој во својот запис – Белешки за Галскиот поход, наведува примери, кога Римјаните постигнувале воена надмоќ , ширејќи паничарски гласини во логорите на непријателот и обратно, трпеле неуспеси кога исти такви опасни гласини, непријателот ширел во нивните редови. Римјаните се служеле со говорништво, пишани пароли, театар и сл. Вегеције заради влијание на непријателскиот морал, препорачува добра воља кон луѓето придобиени од непријателските редови, оти “пребеганите го слабеат непријателот многу повеќе одоштоби го ослабеле побунетите војници“
|