Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 9303
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Општо за пропагандите > Поим и цел на пропагандите
“Јаничар” како одродник
Сподели на Facebook

Jаничарот е извлечен од пазувите на одреден народ во фаза на недозреаност, потоа обучен и воспитан во духот на друг народ.


Јаничар во борба
Преслечен во "ново-народни" одори, наоружан со нови оружја и пуштен да се бори за интересите на новиот му род, секаде каде има потреба. Ако патем загине на наредбодавецот тоа воопшто и ништо не му значи зашто и не е вистински негов род но некој кој е грабнат со цел за да има што помалку свои жртви, од вистинските му чеда.

Така некако изгледа jаничарот-одродникот, негова единствена цел на делување и оддржување е постојано да им се докажува на новите со-браќа и никогаш докажан ќе е. Тие го хранат и гојат но слично како и свињата на крајот ја чека ножот кога нема да им биде повеќе од полза или кога ќе им треба некаква жртва, најлесна е - јаничарот.

Одродништвото како средство за туѓите пропагандни цели.

Основата на секоја пропаганда е - “divide et impera“ (подели и владеј). Била и ќе биде најзначајната стратегија во борбата за доминација над народите. Врз македонскиот народ постојано се истураат многи пропаганди во кои еве едно ситно штрафче од големата машинерија ќе е и новопридобиениот јаничар. И сега ние треба да се бориме против некој таков, наш но одроден во пазувите на новата му свест. И ако има некоја интелектуална моќ таа му е од коренот - македонски, зашто на пример вистинските Бугари (Срби, Грци и др.) не се борат со потребниот жар, та нели тој треба повеќе да се докажува и од нив, постојано да бара, пребарува, учи, прашува но сиротиот целиот мизерен живот така ќе му помини и пак недокажан ќе е.

Наредбодавците му ја покажуваат целтта на пр. Целта - А Донски, го наоружуваат со нивните

Книгите на Донски, Бугарите и бугарофилите  „болно“ ги доживуваат
познати но и нови оружја, малку препакувани, посовремени и удира ли удира јаничаров како Максим по дивизија. Ќе го оптужува Донски дека врши селекција на документите, фактите, изворите и сл., но всушност се прави дека не сваќа, дека токму тој тоа го прави. Оти тој не наведува факти и документација како што тоа Донски го прави но само ги напаѓа изнесените од Донски, зашто задачата му е да ги направи што помалку важни или барем сомнителни. Попат можеби ќе додаде некоја нова ископана но само колку да му ја помогне тезата.
И колку и да изнесува документи и факти Донски тој постојано и постојано ќе ги минимизира ќе кажува дека има уште многи други кои друго кажувале или докажувале?!

Кутриот се нашол во ситуација да спасува туѓи корени и истории, да се заплеткува во мрежата на Бугарските историско - романтичарски грешки (тие се-и Траки и Тракијци, и Татари и Прабугари и Словени и Македо-Бугари и Кумани и Влахи и Авари и Мизијци и Бактри ..какви ли се не поими среќаваме попат). Но свесни за безбројните документирани факти со спомнување на Македонци како засебност, глупаво ќе го препишуваат ова Власите, демек спомнатите Македонци се всушност – Власи(?!) како остатоци од Античките Македонци?! И пак тука Јаничарот треба да им ја игра рољата на објаснувач и филозоф на непостоечката ни невозможна филозофија, да ни разјаснува што било и како било а ниту било ниту ќе биде.
Но сите овие јаничари и викачи по задача забораваат дека од сите Македо-Бугари, Македономахи, Македо-Власи и се што го присвоило македонското име, САМО НИЕ "случајните" Македонци сме го зачувале ова име еве за вакви прилики и неприлики а тие СИТЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ(?!). Грците на пример дури по осомостојувањето на Македонија НАГЛО И ИЗНАСИЛЕНО ГО ВОСКРЕСНАА македонското име па по 1990 год. се прекрстија со името Македонија.

Бугарите се веќе очајни за следење крадењето на ЦЕЛОКУПНИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР по нивните сателитски канали по којзнае кој пат ја докажува нивната очајност и греовност до која се доведени. Додаваaт Азијатските шари на носиите и го мутираат гласот на славните певци за да звучи што поисточно,но тоа нема да го поништи фактот дека се тоа изворни песни на македонскиот народ и само на македонски јазик, во македонски амбиент и носија најубаво и најприродно си звучат. Вака Бугарите певци само ги извештачуваат до крајна неприродност и трагикомично изгледаатонака раскакани. Но чудна е рољата на јаничарот кој е најсвесен за тоа оти не лепат Азијатско-Татрски шари и мутации на неговата традиција и психа, но упорно работи зашто - назад не смее, се плаши од злоделата што ги направил кон својот род. 


Во грабањето на македонската етнозасебност - Бугарите -  фестивалски

Токму затоа Бугарите сфаќајќи го ова, почнаа да носат по фестивалите (особено Пирин фест) од Македонија пеачи за да се приближиме и да уловат уште некој наш  и му докажат демек сме - иста хора, но и тоа еве не им помага. Бугарите певци пак кои ги носат кај нас, блеат ли блеат, подрипнуваат но попусто. Генијот на македонската народна песна е за Бугарите недостижен оти извира од исконот на македонскиот народ. Затоа им требаат наши кои изворно ја живееле таа етносвест и стварност, да преку нејзина реплика таму што повеќе ја приближат и со време слеат, стопат. Но тоа не оди така лесно, нели!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6869 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 30 октомври 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
 Св. Григориј Богослов архиеп. Цариградски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: