Таа представува “НЕЈАСНО ЗЛО“ кое доведува до НЕЈАСНИ ПОРЕМЕТУВАЊА НА МОРАЛОТ и до целосно парализирање и на ХРАБРИ И ЈАСНИ ФИГУРИ на ВОИНИ (БОРЦИ).
- Причинско последична врска помеѓу паниката и ИНСТИНКТОТ ЗА САМООДРЖУВАЊЕ е ПАНИЧНОТО БЕГАЊЕ. Бегањето пак е биолошка реакција во опасности – со бегањето се оддалечува од ОПАСНОСТА, се спасува животот исто како и првобитниот човек кога со бегањето се спасувал од дивите ѕверови. Во ова смисла тоа е и исконски “кодиран” инстинкт .
Но цивилизираниот човек за разлика од првобитниот, бегањето го води во СИГУРНА ПРОПАСТ, него сега не го гонат диви ѕверови но ЛУЃЕ-ЅВЕРОВИ т.е непријателот.
Затоа паниката е посебно погубна и особено при војна или сл. дејства. Паниката представува САМОУБИСТВЕНО ОДНЕСУВАЊЕ. Денес лесно ги распознаваме ваквите наши Апокалиптичари кога на Македонија и предвидуваат дека за толку и толку години ќе се распадне, ќе се поделе, ќе исчезне и сл. црни сценарија со кои се сака да се предизвикаат сите погорни фази се до последната – паниката.
И тука волшебниот круг се затвара за човекот. И цивилизираниот човек денес како и примитивниот (како предок), живее (л) во ХРОНИЧЕН СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ. Со ова се шири јазот меѓу тоа што треба и тоа што е кога е во прашање ослободувањето на човекот од паничното однесување и патолошкиот страв од било кој вид.
Манифестирање на паника
Паничарите НЕ СЕ СВЕСНИ ЗА ЦЕЛТА и најчесто не знаат каде се или каде ќе одат, зашто “НЕ ГИ ДРЖИ МЕСТО”. Зафатени од паниката “САМО ТРЧААТ КАКО БЕЗ ГЛАВА”.
Паничарот и ВИКА (во маса ВИКААТ) како да сака со надвикувањето ДА ГО ИСТЕРА (угуши) морето од СТРАВ. Иако мотивот е СПАС, тие одат во ПРОПАСТ.
Паничарот често СЕ ВРТИ НАЗАД, ЛЕВО, ДЕСНО и иако не гледа опасност тој уште ПОБРЗО БЕГА. Уморен, исцрпен може да почне да ги губи помнењето и свеста.
ИЗНЕНАДУВАЊЕТО како ефект со фатални последици по моралот е омилено средство на пропагандите во што поголемиот успех . Затоа се изненадните вести за оваа или онаа личност од нападнатата страна или сл. важна одбрамбена алка на нападнатиот народ.