Оттука, вниманието е психолошка предпоставка за делување на пропагандата. Со ова, пропагандистите постојано проценуваат колку содржините и техниките на комуницирање СЕ УСМЕРЕНИ на побудување внимание и за негово оддржување.
Луѓето се интересираат за случаите полни со човечка драма, со динамика на судири и процеси, случки полни со мистичност, неизвесност но и возвишеност. Едноставно – драматика – поединци јунаци, херои во акција и напнатост и сл.
Факторите за таквиот интерес се повеќепричински. Се сведуваат на: Полтичката сензибилност на современиот човек, Притисокот на стравот од неизвесноста на живеењето, Љубопитноста, Важноста, Восхитот, Драматичноста на случувањата, Трката со времето и техниката..и сл. Едноставно интересите на луѓето треба да се следат.
Усмереното внимание е психолошка претпоставка за делување на пропагандата. Пропагандистите треба секогаш да проценуваат и колку содржината и техниката на комуницирање е усмерена на подување внимание и негово одржување.
Современите пропагандисти се креативни, потковани со последните технолошки вештини и својата дејност ја организираат и изведуваат така да постојано тежат кон побудување и одржување на внимание. Правилно се одбираат содржините, наизменично се посредуваат привлечни помалку привлечни пораки, се користат средствата, креативно, спонатано и едноставно се користат симболите, мајсторски се применуваат вербалните симболи кои лесно се помнат и.т.н. Во било какви услови пропагандистот треба да е креативен и да не допушта промашувања во одржувањето внимание како битен психолошки предуслов за успешна пропаганда.
|