Ривалитетот помеѓу верите, но и во рамките на иста вера – одделни управи и интересот на секоја да држи поголема територија, паства (прилози), ја раѓа – пропагандата. А таа новите јазови меѓу Исламот и Христијанството, но и нови учења и секти.
Македонскиот удел за востановувањето на пропагандата
Удел во востановувањето на пропагандата има и Охридската Архиепископија (ОА) која засилено од II половина на XVI агитира по земји, вон надлежноста и Поглаварите патувале на исток кај Руските цареви, но и на запад и не од “експанзионистички” причини, но заради опстанокот од најфренетичната исламизација. Султаните, во ова време наметнале невозможни давачки со цел ОА да остане без имот и средства. Оваа “златна епоха“ за исламот почнала со Сулејман Величествениот (1520-1566), продолжува со Селим II (1566-1574), Мурат III (1574-1595) и фанатикот Мурат IV, кој решил се да исламизира. Ги погубил, Охридскиот Архиепископ Валаам – 1598 г. во Велес, Цариградските патријарси Кирил Лукарис - 1638 г., Кирил Контарис – 1639 г., а Партениј II и Пеќкиот Архиепископ Гаврил ги обесил во 1651 год.
Пропагандата и патувањата на поглаварите од ОА и ги дало спасоносните средства со кои ја откупувала задолженоста од султаните, дури и го зајакнала влијанието на Балканот и пошироко. Со положба меѓу истокот и западот на христијаните, македонската црква контактирала со двата. Владетелите, нуделе помош па и за замислени востанија и војни, (а за свој интерес) .
Македонските великодостојници и политиката со – Западот
Со ова загрозен е Ватикан. Од земји во негова црковна надлежност, некој сега од страна (Охрид), добива средства и влијание. А Ватикан сака секаде да игра, клучна улога. Папите почнуваат активности, од кои и се официјализира пропагандата. Ватикан возвраќа со декрети за епархии од ОА, со свои повереници. Архиепископот Гаврил во септ. 1587 год., од Тибинген преку Улм оди за Рим кај папата Сикст V, со цел да се реши проблемот и да си ја сочува Италијанската епархија.
Од Архиепископите најактивни се – Аврамиј, Мелетиј и Атанасиј, особено Атанасиј.Тој на 26 јануари 1596 год ., на Крф се сретнал со Ангел Базадона, Венецијански адмирал со предлог да ја окупира Албанија од наводната опасност Шпанија преку Валона да дигне востание во своја корист. Но по неуспехот Атанасиј се свртел кон др. држави. Во 1597 год.,од Италија (Лече) изјавува дека покрај него востанати се Албанија,Епир а Србија и Бугарија биле готови да го сторат истото. Но Градоначалникот на Лече, по заповед на Неаполскиот вицекрал, гроф Оливарес не дозволил Атанасиј да замине за Неапол, а му дава 200 дукати за пат кај папата Климент VIII, во Рим. Папата не го прима, но го задржува, лут заради одбивањето на Анастасиј да прифати Декларација за Унија меѓу Рим и Охрид, испратена преку двајца Кардинали. Сепак Атансиј кон крајот на јануари 1598 год. тајно бега од Рим и пеш до Неапол, каде е подкрепен кај свештеникот Франческо Аксидас, од Сицилија. Но и по 3 месеци во Неапол, Вицекралот не го примил, ниту дозволувал да замине за Шпанија, ниту давал препорака за Австрискиот цар, но дал помош од 300 дукати а од свои политички цели. Кон крајот на јуни 1598 г.,од Шпанија доаѓа Пелагонискиот митрополит Еремија и заедно со Атанасиј, заминуваат од Неапол во Прага на средба со Австрискиот император Рудолф II, кој бил во војна со Турција.
Македонските великодостојници и Русија
1586 год.- Охридскиот архиепископ Гаврил со свита од 15 Сановници, доаѓа во градот Чернигов, а од таму со препорака на Черниговските војводи, примен е од царот Теодор Иванович син на Иван Грозни. За помен на татка си Иван, царот Теодор предходно пратил обилна помош за Охридската црква, од што сега и возвратната посета.
Архиепископот Гаврил, царот го истакнувал како – “Единствен благоверен цар во целото Христијанство, пофалба и надеж на благоверниот и православен народ“. За себе пак рекол дека него и неговите бедни луѓе под ропство на “неверните агријани, хулители на Христијанскиот народ и на црковите божји “ ги насочило да го видат неговото Достоинство – “благоверниот Христијански цар, застапникот на Бога на земјата“.
Но и Гаврил не изоставил да напомене во своето титулирање кои се други земји се под негова црковна власт (“Бугарија, Србија, Албанија, Влахија, Молдавија и др. земји”). Гаврил иницира и издејствува – прогласување на Московска патријаршија во 1589 год. На Москва и требала, постара Православна црква, која ке ја подигне во ранг - Патријаршија, како што била – ОА . Но се замешува и Цариградската патријаршија, која сакала дел од “колачот”, (со издејствувањр на признавање и од др. цркви).
|