Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8889
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Легенди
Слатина и Прждево
Сподели на Facebook
Селото Слатина е стара населба и се наоѓало на десниот брег на реката Вардар во близина на Прждево. Покрај неа минувал главниот пат за Солун.
Токму заради ваквата положба ова село ја доживеало судбината да биде раселено на крајот како плен на разни војски кои се движеле од север кон југ и обратно. Покрај ова, земјиштето често било поплавувано од водите на Вардар. Селото некаде во XVI век е потурчено во налетот на силната исламизација која се наметрнува со Сулејман Величествениот и наследниците му. Особено морало ова село да се потурчи за власта и заради стратегиската позиција да се обезбеди сигурноста на патот и Вардарската долина. Ова село постоело се до крајот на XVIII век кога налетала голема групација на скопски Арнаути која го пљачка и разрушува со се другите села од Неготинско и Тиквешијата. Тогаш муслиманите успеале да се сокријат во соседното село Прждево и останале да живеат со рисјаните. Сепак, имотот го задржале и понатаму.

Меѓу најстарите муслимански фамилии што дошле од Слатина во Прждево се: Арслановци, Татаровци, Мемедовци, Беќировци, Оџевци, Ќесеџиовци, Ќосевци, Сулџуковци, Даутовци и др.

Зборот Слатина е образуван од “слан“ (солен) и оттука името на селото. Буквално, преведен на современ јазик Слатина означува “солена земја“. Во близина на селото е месноста Сланец (дол). И во двете месности е откриена присутноста на сол. Денес, од некогашното село има само ѕидини на олтарот од црквата, керамика, и се откриени повеќе гробишта при копањето на каналот. Исто така, е пронајдена керамика од постариот период. Во месноста “Калуѓер“ постои “манастириште“. Според едно предание, откако насилниците го разрушиле манастирот го ликвидирале и неговиот свештеник па оттука и именувањето на оваа месност со “Попот“.

Селото Прждево се наоѓа на она место каде што се составуваат Вешката Река и Лопатички Дол (Наново) и е нешто понастрана (затскриено зад еден рид од главниот пат). Ј.Г.Хан спомнува дека во педесетите години на XIX век Прждево имало 400 куќи, од кои 160 биле христијански а веќе при крајот на XIX век селото има 500 Македонци (рисјани) и 1200 Турци (муслимани). Прждево има неколку маала:

- “Горното Маало“,
- “Долното Маало“ и
- “Средното Маало“ а се спомнуваат и
- “Кршиплод Маало“ и
- “Масларково Маало“ .

Во селото постоеле дури три џамии и една црква (Св.”Атанасија“) која пак е подигната во 1858 год. Но црквата уште при изградбата Турците три пати ја рушеле заради што уследиле жалби дури до Цариград. Мајсторите биле од Крушево. Во ѕидот на црквата има вградено исклесан камен со лик на човечка глава, донесен од Андон Масларков.

До балканските војни на Средсело имало “дуѓани“ :
- фурнаџиски – 1
- самарџиски – 2,
- кафеџиски – 2,
- налбатински – 1,
- бакалски – 1,
- ковачки - 2

Во црквениот двор се наоѓало и старото училиште во кое предавале некои од попознатите учители за кои се спомнува и знае. Така се споменуваат : Лазар Чулев (1905 год.), Петре од Ресава, Тодор од Ресава (на кого муслиманите фралале со пушка во училиштето за да го убијат) и Цандо од Кавадарци. Во училиштето се предавало и на “славјански“ а доаѓале и децата од околните села.

Во црквата служеле неколку попознати попови од кои пак се споменуваат : Поп Илија, Попо Коцо, Аџи-Неде Поп Илиев (го посетил гробот во Ерусалим), Поп Михајло и Поп Ило. Училиштето е запалено во 1913 год. кога изгореле и 70 рисјански куќи а голем број луѓе се изубиени по познатите балкански “ослободувања“ од сосетките на Македонија. Настрадани селани има и во Втората светска војна.

Во селото има повеќе чешми:
- “Пинџурица“,
- “Уткарица“ (ја правел некој си со прекар “Утката“),
- “Бурга“,
- “Чешалото“,
- “Лутица“,
- “Сулинарка“ и
- “Коцова Чешма“.

Близу теќето постои и денес “Лагум” (подземен прокоп во кој има вода). Надвор од селото има неколку чешми:

- “Нанова“,
- “Габравец“,
- “Џавидол“,
- “Цанева Чешма“,
- “Самарџиева Чешма“,
- “Д`гидолска Чешма“ (се наоѓа на едно раздоље),
- “Чешмичка“,
- “ Aџиска Чешма“ (ја направил некој аџија од селото)

Извори има неколку:

- “Среден Рид”,
- “Сврачка“ ,
- “Вешка Река“,
- “Лагум“,
- “Локва“

Но и покрај неколкуте извори и чешми, вода нема доволно во селото. Многу од нив лете секнуваат или се држат под чеп за заштеда на водата. Во повеќе месности, како на пример “Тиклик“, “Врчва“, “Пинџурови Круши“ и “Илијници“ пронајдени се ѕидини од куќи, врчви со жито, огратки, огништа со пепел, ќерамиди, гробишта и други разни предмети. Се ова зборува дека порано во далекото минато имало населби. Едно предание за името на селото оди вака:

Местото каде е денес селото Прждево пред да се засели воопшто, било шума.Селаните кога почнале да се заселуваат почнале нагло да ја сечат, раскопуваат и особено да ја горат густата шума. Горењето или “пржалењето“ на шумата било толку интензивно, што и буквално местото останало изгорено (пржалено) па и селото кое го образуваат неколкуте фамилии се нарекло – Прждево.Населбата не се зголемува денес, но се оддржува со природниот генерациски прираст, а добар дел од потомствата има и во ближното Неготино.

Во Прждево од фамилиите денес живеат следните:

- Ташеви – 2 куќи,
- Ќимови – 3 куќи,
- Захарчеви – 2 куќи,
- Ќопови – 6 куќи,
- Кузманови – 2 куќи,
- Ставрови – 2 куќи,
- Недеви – 2 куќи и
- Стефанови – 2 куќи.


(Извори - “Судбини и населби, легенди“, Киро Андонов, Неготино 1981 год., стр. 33-35)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3769 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

недела, 05 мај 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Александриската библиотека
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: