Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 9303
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Создавање на Охридската архиепископија
Укинување на Охридската архиепископија
Сподели на Facebook

Цариградската патријаршија лукаво ја искористила немаштијата и немоќта на Македонската православна црква и настојувала пред Високата Порта да докаже дека единствено таа може да ги врати долговите на Охридската архиепископија, доколку оваа биде укината и приклучена кон неа.

Дури успеала да постави и свој човек, Ананиј, на чело на Македонската православна црква. Но, македонските епископи, со цел да ја сочуваат автокефалноста на Архиепископијата, не го прифатиле Ананиј и на негово место, на својот редовен архијерејски собор за архиепископ го избрале Пелагонискиот митрополит Арсениј, Македонец, што ќе биде и последен македонски архиепископ до укинувањето на Архиепископијата со султанското иреде.

Тогашниот цариградски патријарх Самоил решил да и зададе конечен удар на Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија. Ја убедил турската власт дека македонските архиереи се непријатели на турската империја и побарал власта во Цариград да го повика Арсениј во врска со долговите на Архиепископијата. Таму Арсениј, под притисок на турската власт, дал писмена оставка на 17 мај 1767 година. Со неговата оставка е укината Охридската архиепископија - Македонската православна црква. Патријархот Самоил со помош на влијателни Грци и Турци издејствувал султанско иреде, со кое била укината Македонската православна црква, а нејзините епархии се присоединиле кон Цариградската патријаршија. Султанското иреде забранувало да се примат какви и да е жалби против укинувањето на Архиепископијата, а со тоа биле оневозможени протестите од секој вид. На крајот демонската лукавост и алчност на Грците победила, со што на православието воопшто му бил нанесен тежок пораз, со несогледливи последици во вековите што претстојат.

Длабокото и сестрано христијанизирање на македонскиот народ и неговото духовно и културно издигнување преку апостолската дејност на славната и древна Охридска архиепископија, заснована врз мисионерското дело на светиот наш духовен отец и учител Климент Охридски, родила многубројни благородни плодови. Светите евангелски вистини ги просветувале и осветувале нашите далечни дедовци и прадедовци, ги облагородиле нивните души и срца, а истовремено вдахновувале многубројни и благоверни творци за создавање духовни и уметнички вредности ширум нашата света татковина Македонија. Како резултат на тоа постојат и многуте наши цркви во градовите и селата и безбројните манастири и манастирски цркви, изградени на најживописни места, покрај бреговите на нашите езера и реки, во нашите планини и рамнини.

Особена убавина и привлечност преставуваат немалиот број пештерни цркви и манастири. Сите тие се преполни со фрески и икони од нашите врвни мајстори, чии ремек-дела предизвикуваат восхит и кај најголемите познавачи на средновековната уметност. Голем број од нив се на страниците на светските уметнички енциклопедии. Нашата резба, која ги украсува црквите, била негувана повеќе векови, а таа својот врв го достигнува при крајот на XVIII и во првата половина на XIX век. Резбата во скопската црква „Свети Спас” во манастирите „Свети Јован Бигорски”, „Свети Гаврил Лесновски” се врвен домет во светското резбарство. Ова наше црковно-народно творештво продолжувало со векови, а продолжува и денес. Православниот Македонец бил градител на великолепни цркви и манстирски конаци, кои денес, по осамостојувањето на Македонија повторно се полнат со благочестиви монаси и монахини, кои целосно му го посветуваат својот живот на својот Спасител и Господ Исус Христос. Тие и тогаш, но и сега се нашите учители на вера и родољубие. Тие ја пазеле и запазиле светата порака на основоположникот на Светата Македонска православна црква, ги запазиле светите евангелски вистини и основните христијански принципи, за доследен и доблестен христијански живот. Затоа е толку и силна љубовта на народот кон црквите и манастирите, кон свештенството и монаштвото. Затоа тој и денес ги чува и обновува старите и гради нови светилишта, особено во текот на овој наш слободен и преродбенски период.

Извор: Повардарска Епархија

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8139 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,6 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 30 октомври 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: