Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 9303
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Македонска православна црква
МПЦ има долга традиција
Сподели на Facebook

За време на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнува од с. Таврисион (денес с.Таор) близу Скупи ( денес Скопје), бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близина на родното место на царот.

За време на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнува од с. Таврисион (денес с.Таор) близу Скупи ( денес Скопје), бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близина на родното место на царот.
Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ.
Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима.
Имало и други архиепископи, како што се:
Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.
Потоа, таа црковна традиција ја наследува Св. Климент, како прв словенски епископ, воопшто во светот (Извор: МПЦ).
Според пишаните документи од средовековна Македонија, Житија, итн. средновековните македонци како духовни лидери ги спомнуваат Деволските (охридските) Епископи, а Цариградскиот или Преславскиот Патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека сме имале црковна автономија во тој временски период.
  Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, околу 976 г. Прв Патријарх е г. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град
(Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата”).
За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим.
Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го прави папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.).
Самоил ја зграбил круната од Рим
(Extract from the book „Rulers of Bulgaria”, Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).
Но, бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рим значи Рим, а Византија се викала Романија (гр.) или Грција (лат.)!

Создавањето на посебна црква во Македонија е најголем доказ за постоење на ново Царство, на нова држава.

Под јуриздикција на Охридската Патријаршија се наоѓаат и делови од Бугарија, т.е. шопскиот словенски крај и смолјанскиот.

Во сеуште непознат период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, и сведува на ниво Митрополија Бугарија, па Патријархот г. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски”, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).
По укинувањето на Преславската Патријаршија, Охридската Патријаршија својата јуриздикција ја распрострила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, Малта и се до Сицилија.
Нашите архијереји треба да знаат дека тоа што римските поглавари канонски й го потврдиле на Охридската црква, прво архиепископското, а потоа и патријаршиското достоинство, според евангелиските правила и на православната и на католичката црква - е трајно и неменливо.
  Точно е дека 18 години подоцна, по падот на Самуиловото царство, императорот Василиј II, и покрај големата наклонетост кон Охридската црква, ја деградирал во Архиепископија, но тој чин не бил валиден, бидејќи бил извршен само по државна,
а не и по канонска линија.

Тоа што некои поглавари на Охридската црква потоа се титулирале како архиепископи, бил нивен избор и само за да ја задоволат желбата на византиската официјална власт. Инаку, во сите документи со кои располага науката, Охридските поглавари се титулирале како патријарси, а Охридската црква како Патријаршија.
Најдобро сведоштво за тоа е големиот фонд документи од кореспонденцијата која Охридските поглавари ја воделе со Европските царски и кралски дворови, со Високата Порта и султанот, со Руската црква и држава, со Ватикан и во сите документи на Светиот Охридски синод.

Во тој контекст, како непобитно сведоштво, дава примера...
Во еден документ од 1536 година Охридскиот поглавар Прохор се титулирал како: "Прохор со милоста Божја, патријарх на Јустинијана Охридска на цела Бугарија, Србија, Македонија и проче...", а Атанасиј I во 1596 година како:
"Атанасиј I, со Божја милост патријарх на Прва Јустинијана Охридска, на цела Бугарија, Србија, Македонија, Арванија, Унгровлахија, Русија и проче...!".
Царот Стефан Душан (1331-1355)
"не дозволувал да излезе писмен акт од канцеларијата на Пеќската црква ако тој не бил потврден со печат и потпис од охридскиот патријарх".

Во времето на кралот Волкашин (1366-1371) " Строго се почитувала автокефалноста на Охридската црква". Неа ја сметал за Главна црква и таа била третирана како " Сесловенска црковна институција". Била ослободена од соперништвото на Српската архиепископија и
"претставувала единствен црковен авторитет пред државата на Волкашин".
За сите црковни прашања кои се јавувале во односите на релација Византиско царство - Српско деспотство, "кралот Волкашин ги решавал преку Охридската катедра".

И кралот Јован Углеша ја признал јурисдикцијата на Охридската црква.
Охридскиот патријарх Григориј II дури го поставил за "советник по црковни работи".
Во негово време "челното место меѓу црковните големодостојници на Деспотскиот синод го заземал охридскиот патријарх".
Углеша видно ја проширил диецезата, не на Српската, туку на Охридската патријаршија. И уште еден многу важен податок.
Во 1346 година, на Велигден, Стефан Душан не отишол во Пеќ, туку во Скопје каде што охридскиот патријарх Николај I го крунисал за цар, жена му за царица и син му Урош за крал на Србија.
Од тој ден Стефан Душан почнал да се титулира како "благочестиваго христаљубиваго македонского цара Душана".

По распаѓањето на српската држава (1437) "Србија со сите свои епархии повторно го признала ведомството на Охридската патријаршија, под која била од почетокот".

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4830 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 30 октомври 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: