Се поставуваат прашањата:
- Како и кому е потребно македонското гледиште, ако тие се “Варвари”!?
- Македонците наоѓајќи се на крајниот север, навистина ли немаа можност да учествуваат во “прогресивната цивилизација на племињата од југот”!?
Ова, самото со себе е во спротивност, ако беше сето тоа случај тогаш:
- Македонците немаше ниту да се јават со свое автентично македонско гледиште на почетокот од IV век.
- Македонците немаше да извршат промени од судбинско значење за историјата и за развитокот на цивилизацијата.
- Македонците немаше да го сменат лицето на светот со градби и потфати кои и денес сведочат за нивната силина и значај.
- Македонците немаше да го “македонизираат” стариот Египет (особено со Александрија и Птоломеите), но и да остават белег по остатокот на светот од Антиохија до Индија.
- Македонците немаше да бидат единствениот некогашен и денешен европски народ присутен во “Библијата”, освен Грците (таму Хелени?!), но и кои се секаде одвоено од Македонците, како различни народи.
- Македонците немаше низ сите епохи да се постојано со истото име Македонци, но ќе беа Грци и тоа име ќе беше во сите нивни дела?! (Грците се со секакви имиња низ историјата а најмалку со Грци -Хелени, Ахајци, Данајци, и се др. што присвојуваат од Кносос до Византија?!).
За жал на Грците се случувало обратното. Токму тие, Грците заостанувале на југот но и сите други под Македонија кои се наоѓале во класична античка криза, а Македонците се воздигнале далеку над нив во сите сегменти од општественото живеење.
Во времето на Персиската војна, Македонците не се појавија како “Грци”, но не се појавија ниту како “Варвари”, туку како организирана војска, на самостојната автохтона македонска цивилизација и народ, со свои држава, култура и традиции.
Не случајно стратегијата и тактиката на македонските фаланги, денес се темел на воените доктрини. Токму Македонците, а не Грците (и најмалку тие), на свои плеќи во името на прогресот го понесоа цивилизацискиот товар и се појавија како храбро царство и храбра македонска армија-фаланга, се судрија со непрегледните војски и земји на Персија.
Грците во тие судири масовно беа во Персиските редови и ја користеа секоја прилика од зафетеност на македонската држава, да се дигнат против неа. Оние Грци со Александар, пак беа заради силата на оружјето, т.е вазалниот однос. Затоа денес да се именува оваа македонска епоха како хеленизам веќе е неодржливо, зашто напротив тоа е епоха на македонизмот.
|