Непобитни се доказите дека и предходниците, од Пердика до Аминта, таткото на Филип, имаат улога во трасирањето пат за Филип и изградбата на силна централизирана држава.
Прапочетоците треба да се бараат уште од Каран, првиот историски македонски крал, кој прв воспоставува власт над териториите од разединетите македонски племиња. Ги обединува, а востановува и престолнина Ајгаи опишана и кај Јустин (истата легенда и кај Миладиновци, кои ја собираат од народот по 26 века?!). Но заради временската далечина во која историскиот прогрес не е на нивото од времето на Александар и наследниците, кај првите македонски кралеви појаки се други елементи на конституционализам. Така, повеќе се развиени религиозно-митолошките форми вградени во државата како констутивни и преовладувачки. Не е ни чудно што македонскиот крал истовремено “бил и главен свештеник одговорен за религиозните обврски на државата и нејзиниот народ кон неговите богови” (Елис, 30), традиција што останала долго.
Монети со ликот на Каран
Кралското семејство, особено му се посветувало на култот кон Херакле, кого го сметало за свој родоначелник и не е чудно што тој преовладува во државното живеење. Ликот на Херакле е во монетарниот систем (на монетите), во духовниот живот- по цела Македонија се храмови, попатни градби и плочи во негова чест; Херакле е во митологијата, традицијата, обичаите и фолкорот. Херакловите атрибути, лавјата грива и стапот се најпостојаните симболи на кралевите, лавјата грива повеќе ја ценеле од златото па на главата како круна неа ја носат. Закитен со Херакловата првосвештена највисока титула, македонскиот крал ја добива и улогата на непристрасен и врховен судија во судските спорови, со исклучок на некои специфични случаи, подоцна.
И култот кон сонцето е прастар македонски култ негуван и вграден во македонскат хералдика, монархиска но и народна симболика .Со сето ова се заокружува конституционализмот на прапочетокот од македонското државно живеење, низ формите на организираност во монетарниот систем, монархијата, религијата, судството, одбраната и др.
Македонија е со “најстарата патријахална монархија“ која подоцна за време на Филип ќе доживе извесна модернизација со новиот систем на изборна монархија. Ова е направено во склад со потребите на новото време, но без напуштање на автентичниот македонски континуитет и длабоки традиции.