Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8887
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски револуционери во Втората светска војна
Панко Брашнар
Сподели на Facebook

Панко Брашнар
(1883 - 1951)

Роден е во Велес во 1883 година. Образованието го започнал во родниот град. По завршување на прогимназијата штколувањето го продолжил во Педагошкото училиште во Скопје. Учителствувањето го започнал во кумановските села каде отпочнал да ги шири првите револуционерни идеи. Уште пред Првата светка војна Панко Брашнаров учествува во работата на Социјалистичката организација во Велес, соработува во органот на Васил Главинов „ класно сознание “.

Во 1919 е член во Социјалистичката работничка партија ( комунисти). Во време на историските збиднувања од Илинден, Уриетот 1908 г. и Балканските војни, низ мачните искушенија во еден од најтешките периоди од историјата на македонскиот народ, тој стапува во одбрана на интересите на народот. Трагичните последици од поделбата на Македонија не го разочаруваат : во 1920 г. тој е раководен партиски кадар, делегат е од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес; во 1922 г. е учесник на Првата земска конференција на КПЈ во Виена; во 1924 г. е делегат на Третата земска конференција на КПЈ во Белград; во 1926 г. учествува на Третиот конгрес на КПЈ во Виена; член е на Централниот комитет на ВМРО (Об.).
Илинденецот, комунистот, членот на ЦК на ВМРО (Об.),партизанот Панко Брашнаров е избран за народен пратеник на Првото заседание на АСНОМ, за негов прв претседавач, за потпретседател на АСНОМ и претставникна АСНОМ за член на АВНОЈ.

По неколкуте години живот и работа во Штотуку организираната држава, Панко Брашнар е затворен како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информ бирото, казнет е како непријател на власта и испратен во злогласниот логор на Голи Оток каде на 13јули 1951 година умира.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6851 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 04 мај 2024
Моментно посетители: 8

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: