Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8874
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Евреите и Власите во Македонија
Репликите на Димитар Влахов во заштита на Евреите
Сподели на Facebook

Влахов е вешт и во репликите, со цврсти и аргументирани тези.

Кога се повикува вешто се повикува на своите најбројни гласачи Македонците но и Евреите од Солун (нека види денес францускиот претседател Саркози како Евреин со потекло од Солун кога ги руши македонските национални интереси, како пак Македонци се бореа за еврејските !). За ова Влахов вели :

“За време на целото траење на мојот говор се слушаа реплики од страна на арапските депутати – феудалци, кои гледаа дека парламентот во своето апсолутно мнозинство ги споделува изнесените од мене погледи и дека веројатноста да не се прими предлогот на арапските депутати е многу голема.


Еврејските семејства во Солун на кои се повикува Влахов се бројни

Одговарајќи на овие реплики, јас меѓу другото изјавив дека за жал на Евреите во Палестина, како и самите арапски трудбеници немаат во парламентот свои претставители кои да ги штитат нивните интереси, така што јас, како слободољубив човек и човек кој се бори за братство меѓу сите народи во Турција, макар да не сум од Палестина, и да не сум Евреин, ниту Арабин, имам право, согласно конституцијата, да зборувам од името не само на избирачите од мојот санџак туку од името на сите избирачи во Турција. А тоа го правам, како што спомнав, уште и затоа што меѓу избирачите од мојот санџак, Солунскиот, голем број, околу 1/10, се Евреи, кои не можат ладнокрвно да ја гледаат тешката положба на своите сонародници во другите области на Турција…

…Не сум јас, реков , што требаше да го држи овој говор, туку вие, депутатите од Палестина сте тие што би требало да ги застапувате погледите кои ги изнесов. Наместо да го сторите тоа, наместо да ги заштитите интересите на народите во Палестина, вие се јавувате тука со предлози спротивни на интересите на тие народи, вклучително на арапскиот народ кого претендирате да го застапувате. Но, знајте, завршив, дека народите во Палестина, арапскиот и еврејскиот, а и сите народи во Турција, решително ќе се борат против тие ваши реакционерни стремежи, кои, како што кажав, се насочени како против еврејскиот и арапскиот народ така и против останатите народи на Турција, а едновремено и против самиот конституционен режим во неа. Предлог од таков карактер каков е вашиот му ги потсечува корените на самиот конституционен режим. Тој е реакционерен и јас предлагам да се отфрли.


Арапските земјовладелци од Палестина за време Младотурците имаат голема политичка и економска моќ

После овие мои зборови во салата настапи силна возбуда. Арапските депутати беа збунети и никој од нив не посмеа да земе повеќе збор и да одговори на изнесените од мене аргументи за да го заштити својот предлог. Претседателот на камарата исто така беше во тешка положба и кога го виде општото настроение во самиот парламент, и не се реши дури ни да го стави на гласање самиот нивни предлог. Претседателот, инаку раководен член на младотурската партија бидејќи не сакаше да го предизвика јавното незадоволство на арапската парламентарна група и по завршувањето на мојот говор, го прекина заседанието, а предлогот на арапските депутати феудалци не беше повеќе разгледуван во парламентот. Работите останаа така како што си беа. Предлогот пропадна и емиграцијата на Евреи во Палестина продолжи како порано, согласно со постојаните дотогаш закони на Турција.”

(Извор – “Мемоари на Димитар Влахов“ од 1952 год., НИП “Нова Македонија “ 1970 год. Скопје, стр. 130-131)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7371 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,66 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 29 април 2024
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: