Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 9303
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Отпорот на Македонците во стопанството
Првите воени реформи на Отоманската власт
Сподели на Facebook
Воените порази кои ги трпи турската војска од средината на XVIII век,освен што ги води во поголема дезорганизација воените сили, ги разбудува од сон и врвовите на Отоманската власт.
Наспроти дезорганизираната војска и самоволието на турските спахии и јаничари, Селим III, кој бил европски образуван, понесен од струите на просветниот апсолутизам, одлучува да ја реформира и отоманската војска.


Спахискиот воен систем со развојот на технолошките процеси е веќе застарен и зрел за реформи

Развојот на техниката и модерното војување, создавало необучена и недисциплинирана спахијска војска (коњица) и јаничарска (пешадија) неспособна за војување. Таа се дегенерирала до тие размери, да повеќе не била ни сенка од некогаш силната војска од XVI век. Требало да се спроведе вооружување со модерно оружје и наместо дегенерираната војска, се создаде нова армија, способна да носи оружје и да го употребува во војна. Заради ова Селим III им пристапил на реформите, кои уште повеќе ја занишуваат целата Империја. Тоа можело да се случи затоа што главниот удар бил усмерен кон оние сили во Империјата, кои до тогаш го имале главниот збор. Додека со реформата од 1795 год., султанот Селим III, го забранил претварањето на спахилукот во чифлик, тој сега, со инструкции од француските и англиските офицери, почнал организација на војската, создавајќи регуларна армија, која требало да стане столб на Царството.


Наместо повремената спахиска војска со реформите на Селим III се целело кон модерна и постојана армија како кај западните земји

Реформите на Селим III, сосем разбирливо наишле на отпор не само кај спахиите, кои нашироко спахилуците ги претварале во чифлици, туку и кај јаничарите кои биле платеници на Портата. Во таква ситуација Селим III бил принуден да ги казни сите незадоволници и оние кои му пружале отпор. Додека јаничарите, кои не сакале да се повинуваат на неговите реформи, немилосрдно ги исфрлал од војската, на спахиите им ги одземал спахилуците, со цел да државните органи а не спахиите, ги собираат давачките од рајата, што би се користело за издржување на новоформираната регуларна војска, сместена во касарни.

Реформите предизвикиуваат одметнување на дел од пашите и нивен последователн терор врз населението
Но, сега настапило најлошото - земјата е во превирања. Спахиите, јаничарите, беговите, агите, па дури и поедини паши (на пример Пазван Оглу од Видин, Али-Паша Јанински, Махмут-Паша од Скадар и др.), потпомогнати од јаничарите, откажуваат послушност на султанот и почнуваат да делуваат самостојно. Во Македонија, узурпаторите турски господари (на пример - Измаил бег, Евронос бег, Џеладин бег и др.), за потчинување на селаните употребувале “жива сила”, составена од вакви отпадници, дотогаш пашите, кои себеси се сметале за апсолутни господари во своите пашалаци, вршеле разни злоупотреби со зијаметите и тимарите, одземајќи ги од спахиите и продавјаќи ги како своја земја.

Како што се гледа од забелешките на францускиот патеписец Оливие, пашите се еден вид држава во држава, тој за нив вели:

“Самоволието на пашите во последно време е такво, да повеќето себеси си дозволуваат да чуваат големи воени формации, што пак бара огромни расходи, кои ги надминуваат законските приходи на пашата. Малтретирањето се зголемувало сразмерно со бројот на луѓето кои пашата го издржуваат; со пари тие успеале да ја приграбата целата власт во провинцијата, станале мухасили или закупци, секоја година си ја потврдувале службата сами на себе и некои од нив стекнале такви големи богатства и сила да дури и султанот не можел да ги премести, ниту пак казни“.

Поголемиот дел од отпуштените војници, кои немаат други никакви занаети, своите единствено научени (воените), ги ставаат на услуга на побунетите паши, а таму каде што не можеле, создавале и самите пљачкашки групи и пљачкосувале по целата земја. Македонија е особена мека на ваквите отпаднички мали војски и банди. Во Македонија отпадничките групи се познати под името “крџалии”, делувале такаречи, на сите терени каде немало постојана посилна војска, лојална на султанот. Такви крџалиски групи во македонија имало на Шар-планина, на Скопска Црна Гора, на Кораб, во долината на реката Радика, во околината на Охрид и уште на неколку други места. Разбојништвото станува вистинска несреќа во земјата и не можело да се спречи. Со ова, токму воените реформи наместо да го модернизираат, зацврстат и средат царството, всушност го водат во целосна анархија и на работ од неговиот крај.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9082 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,75 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 30 октомври 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: