Не само што почнуваат да откажуваат послушност на султанот, но и кон нивните дотогашни воени должности. И за спахиите и за јаничарите војната веќе не била така вносна како за време на победоносните завојувања, па тие ја избегнуваат и не се одзиваат на повикот од султанот. Во руско-турската војна од 1768 год. од 130 000 спахии на империјата, се одзвале само 20 000, иако само на Балканот имало повеќе од 55 000. Слично е и со јаничарите, кои пак се посветуват на градежни занаети. Францускиот конзул во Солун, А. В. Араси опишувајќи ги овие состојби во 1771 год ќе запише:
“Многу јаничари, заради финансиските потешкотии на државата, остануваат без плата, па почнуваат да тргуваат со храна, огревни материјали и фуражна роба во Солун. Некои отвораат дури и дуќани, пекари, месарници, па дури и воденици “.
Леополд вон Ранке (1795-1886), ја за непослушноста на турските феудалците над султанот
|
И не чуди, брзиот пораз во австро-турската војна од 1791 год. и уште потешките услови кои султанот мора да ги прифати со договорот од Свиштов во 1791 год.
Како се одвиваше, пак, овој период на преод од спахилук на чифликт?
Според тврдењето на Леополд Ранке, во ова време, од крајот на XVIII и почетокот на XIX век, во Османлиската империја имало околу 132 000 спахии но и околу 150 000 јаничари. И додека јаничарите за својата служба добивале плата, спахиите од султанот добивале на уживање спахилук, но не како личен имот. Нити смееле да го продаваат, нити да го подаруваат, нити да го увакафат спахилукот. Спахилукот бил даван само на услуга за да за себе спахијата извлекува корист, додека е негов корисник. Во однос селаните од територијата на спахилакот, спахијата немал право да ги тера на кулачење (работно вонредно ангажирање), ниту имал право да ги протерува од земјата, ниту да им суди, ниту пак да им забранува преселба таму каде сакале. Спахилукот бил само своевидна плата, која непрестано се давала, а заради која спахијата бил должен да војува на повик од султанот.
|