Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 9303
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Отпорот на Македонците во стопанството
Сопственичките односи во Македонија под Отоманите
Сподели на Facebook
Воените порази на Турција по европските фронтови во текот на XVIII и XIX век, покрај предизвиканата анархија во империјата, предизвикуваат и се поголеми отстапки во однос на земјите победнички.
Таа е принудена да пропушта се поголеми количини најразлична европска стока под бесцарински услови (или најможните поволни), како и да под такви услови низ неа транзитираат кон сите други земји, нивни трговски контигенти. Приливот на вака зголемените разновидни стоки по турските пазари, а особено приливот на луксузната стока од Европа, ги зголемил и потребите на османските феудалци. Но, спахиите, кои главно и биле купувачите, во услови на отстапки на турската војска, не биле веќе во состојба да ја купуваат оваа стока и ги подмируваат се поголемите потреби. Пљачките, како главно средство за богатење, сега во време на порази, биле сузбиени, а затворениот тип на натурално производство во земјата, не давал парични средства потребни за купување на робата, која го преплавила турскиот пазар.


Турските јаничари и спахии како војници, по бројните порази почнуваат да се занимаваат и со трговија и земјоделие

Од друга страна, пак, сировините со кои располагале земјите под Османлиите, како Македонија (и пошироко Балканот) а какви што се: памукот, тутунот, кожата, волната, лојот, восокот, свилата, сукното и др., и биле неопходни на европската индустрија особено што се во непосредна близина на индустриските центри на Европа. Овој интерес на европскиот капитал за сировините, им отварал на турските феудалци перспективи да дојдат до пари неопходни за подмирување на животните им потреби. Турските спахии и јаничари, на кои до тогаш војната им била професија, почнуваат да се интересираат за земјоделското производство, кое единствено, во овие услови, би им обезбедило парични средства. И додека некои јаничари почнуваат со трговија, спахиите тргаат кон рушење на постоечките феудални односи во земјата, претварајќи ги своите спахулаци во чифлици, а себеси во чифлик-сајбии. Селаните, пак, сега како чифликчии, лишени од земјата, биле принудени (гонети од економска нужда) да работат на чилиците, било како аргати (надничари) или како ајакчии (со месечна плата), било како јаракчии или кесимџии. При ова земјата ја земале под закуп, заради што на чифлик-сајбиите морале да им даваат половина од вкупното производство. Всушност, од вкупното производство, пред се, овде се издвојувал десеток за султанот, потоа одредена количина за семе (кое е сметано за своина на бегот), па дел за субашиите и сејмените, ако ги имало, и на крајот, она што преостанувало се делело на два еднакви дела; еден за закупецот и другиот за чифлик-сајбијата.

Сопственичките односи со спахиско-тимарскиот систем на Отоманската империја се подобри од подоцнежниот анархичен систем
Овој, нов облик на селанска зависност, бил многу потежок од предходниот кај спахиискиот систем, кога земјата номинално му припаѓала на падишахот, а всушност со неа сепак располагал селанецот. Без оглед на големината, спахилуците тогаш биле војнички феудални имоти, своина на спахијата, од кои спахијата имал право да собира десеток од производството на оние села кои му биле доделени (во неговиот спахилук). Инаку, спахиите, кои биле еден вид кантонални трупи и на позив од султанот морале да одат во војна, не биле сопственици на земјата. Фактичкиот господар, покрај султанот, бил селанецот – рајата, кој имал тапија за својата земја и слободно располагал со неа. Селанецот можел својот имот да го пренесе или продаде на друг, не известувајќи го за тоа спахијата, под услов да новиот корисник редовно му го дава на спахијата десетокот од производството. Во вакви имотни односи, логично е да на селаните под Османлиите, не им било така тешко како на селаните во Европа. Спахиите, главно ориентирани на војна, по правило,биле задоволни со давачките, кои биле точно одредени со султанов ферман. Во тие времиња, дури не се грижеле многу за редовноста на прибирањето давачки. Спахијата, живеејќи во градот, немал посебен човек за надгледување на родот, па податоците за жетвата ги добивал непосредно од селанецот и на тој основ го земал својот дел. Најмногу што можел е да го праша соседот, а ако овој го потврди она што селанецот го навел, тогаш спахијата ништо не превземал. И повеќе, ако на селанецот му се случила несреќа, нивите касно се засеале, град или скакулци ги уништиле посевите, спахијата не земал никаков десеток, нити дел од други плодови.

Но, сето ова било во времињата кога спахијата бил професионален воин и како таков бил незаинтересиран за производство, бидејќи главните приходи освен десетокот му доаѓале од пљачките во победоносните походи. Сега, како чифлик-сајбија, посегнал во “правото на своината”, кое порано селанецот го уживал во тимарскиот спахиски систем. Со ова, воениот феудализам на Отоманите се претворил во нов, исклучиво економски облик, значајно потежок за рајата, но и попрогресивен за општествениот развој, па ќе има и подалекусежни последици за натамошниот развој на општествата на Балканот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4241 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 30 октомври 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 “Бранденбург” единици (II светска војна)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: