Македонците први за воен род – коњица

Македонците први во историјата, коњицата ја прават посебен род на армијата, за време на Филип II.


Тој коњицата ја поделува и на два вида – “тешка” и “лесна” коњица. Тешката коњица е наменета за удар и е од племството- “хетери”, наоружени со меч и копје а носат оклоп и штит.

Секој округ пополнувал една “ила” (во мир 64 а во војна 200-300 коњаници). Кралската “ила” е од најхраброто и најлојално племство.
Лесната коњица – “сарисофори” наоружена е со копја долги од 3 м.(сариса), наменета е за извидување, предстражи, гонења и демонстрации но учествувала и во битки.

Разликите во подигањето на коњицата во посебен род на војската се покажале одма и на теренот во битките. При судирот со Грците кај Херонеја на 02.VIII.338 год. п.н.е, грчката коњица дејствувала во тесно содејство со својата фаланага чиј и дел е, но македонската како посебен род, ги решава своите засебни задачи во рамките на целата битка, дејствувајќи по потреба против коњицата или против пешадијата, а понекогаш ги решава и битките како и кај Херонеја.

Кај Херонеја токму бочниот удар на тешката македонска коњица од левото крило под команда на Александар со јачина од околу 2000 коњаници, ги разбило Тебанците и ја решило битката.

Алексадар подоцна ја јакне коњицата па ќе има 1/6 тешка пешадија, борбениот поредок го сведува на 8 редици, оставајќи помеѓу единиците простор за лесната пешадија, на која коњицата во борбите се ослонува.

Во битките, Александар коњицата најчесто ја постројува на крилата. Тешката коњица под непосредна негова команда, најчесто е на десното крило. Обично таа ги отпочнувала битките и од кога ќе ја разбие непријателската коњица или пешадија, би ги изведувала коњичките удари на бочните страни и и овозможувала на фалангата да го разбие непријателот.Така македонската коњица најчесто ги решавала битките (Гавгамела, Ис, Граник).

Но Александар ја употребува и за оперативни задачи – таа извидува, по добиените битки го гони непријателот и во оперативни и во стратегиски размери.На пример по битката кај Гавгамела таа е за еден ден веќе на 75 км. од боиштето. Заради ова Алексадар е сметан и за најголем коњички командант, но секако тоа го прави и даденото место на коњицата како посебен воен род.