Најголем рудник за воденички камења

На кривината непосредно пред Лесново крај познатиот Лесновски манастир,има голем карпест рид издалбен целиот од дупки настанати со вадење за потребите од воденички камења


Но не само водечнички од него се вадени и камења за мелење во домашни услови и потреби, при мелење пченица за познатиот македонски “бонгур” или други наши стари специјалитети.

Лесновскиот рудник на воденички камења заради високиот квалитет бил наделеку прочуен и баран. Многу семејства со генерации живееле од овој камен. Така речиси секоја создадена пештера, му припаѓала на некое семејство од Лесново, од каде со запрежни коли, ги пренесувале тешко натоварените и обарботени камења низ целиот Балкан.


Денес ова место е своевидна туристичка атракција кој во чест на испосницата од монахот Гаврил( светогорски монах кој во Лесново доаѓа во 1974 год.) е наречена – “Богородица”.