Државата и нацијата
Денес кога се дефинира односот на државата и нацијата се почнува со дефиницијата на Макс Вебер, кој државата ја дефинира како агенција во рамките на општеството и која поседува монопол врз легитимното насилство.
Идејата зад ова е заведлива – во добро уредените општества, во кои повеќето сакаат да живеат, приватното и локалното насилство е нелегитимно.
Со ова и конфликтот како таков е нелегитимен и тој не може да се реши со праведно или локално насилство. Ако и се примени насилство тоа може да го прави само централната политичка власт и оние на кои таа му делегирала такво право. Врвната санкција е силата и неа може да ја примени само државата.
Но има типови на држави кои и не се нужно противни на локални конфликти па и војни, таков тип држави се на пример феудалните каде одредени феудалци може и да војуваат меѓу себе под услов да ги исполнуваат задолженијата кон владетелот.
Ирачката држава под Британско туторство по I светска војна, била толерантна кон племенските борби, со услов најблиската полициска станица да е известена пред нападот и по него.
|