Глобалистите за национализмот

Но за ова пак мудруваат големите мислители на глобализмот денес, кои се во старт против секој вид национализам па и против ваквиот наш национализам, а всушност проповедуваат нечиј тесногрупен империјализам.


Тие и во нашиот и ваков национализам гледаат опасност па велат цитирајќи го Кант – “основен проблем на сите национализми е пристрасноста, тенденцијата да се прават исклучоци во своја полза, или само во сопствениот случај,...” (?!)

Просто да се чуди човек, па многу нормално дека ќе има пристрасност, ако нема – нема ниту национализам, ниту патриотизам ниту какво било чувство т.е ќе има БЕСЧУВСТВО и рамнодушност кон се. Токму тоа изгледа им е и целта на овие денешни “архитекти на глобалната среќа”.

Но продолжуваат па велат:
“Политичката ефикасност на националниот сентимент можеби би била ослабена кога националистите би биле еднакво суптилно чувствителни за неправдите што ги извршила нивната нација, како што се за неправдите извршени врз неа”
(Ernest Gellner–Nations and nationalism, стр.6 издание на Култура 2001 год.)

Како Македонци со сето ова што овој автор го поставува како проблем, навистина се прашуваме КОМУ тоа македонскиот народ му извршил неправди особено такви какви што нам ни се правени?!

КОМУ и КОГА сме извршиле геноциди, терор, пљачки или друг вид неправди особено во размери како тоа нам ни е правено?!

- Но тука има друг интересен одговор, ние Македонците тоа можеби го правиме – ДЕНЕС, кога овој глобализам “ни командува” и ни бара постојано нови наши трупи по Авганистан, Ирак, или утре Иран (?!).

При тоа ни го контролира нашиот македонски национализам, барајќи да го прифатиме ова или она национално барање од некоја соседска земја сеедно колку е тоа издржано, се во името на модерниот КОМПРОМС(Т) !