Македонките заслужни за победата на Аргеј I

Пред битката со Галаур, кралот на многубројниот народ Тавлантите уште и помогнат од сојузници, македонскиот крал Аргеј I (околу 625 год. п.н.е), немал доволно војска успешно да се бори.


Заради ова Аргеј применил итрина, па во својата војска вклучил мноштво Македонки девојки кои ги опремил со тирси (долги стапови, со орнаментирана глава во вид на пинија или со бршлени или лозови лисја за што главен е култот на Диониз).

 

Девојките и војската слегувајќи од планината Еребоја, размавнувале со стаповите низ викотници на што Тавлантите исплашени од огромната маса и бројноста на фигурите кои не можеле да ги распознаат од далечината, избегале оставајќи ја дури и опремата.

Заради ова Аргеј I, подигнал храм на Диониз Псевданор (Диониз Лажен) во чест на лагата и итрината со која победил. Но особено одушевен од Македонките – девојки, во нивна слава и чест им го дал новото име мималони, отфрлајќи го дотогашното клодони, со што тие добиле почесно место и слава од Македонците.