Св. Ахил еп. Лариски
Овој голем ерарх и чудотворец бил роден во Кападокија.
Учествувал на V Вселенски собор, на кој ги посрамил еретиците и, како со својата ученост така и со светоста, предизвикал големо восхитување. Земајќи еден камен, Ахил им довикнал на ариевците: 'Ако е Христос создание Божјо, како што вие велите, кажете, од овој камен нека потече елеј!" Еретиците молчеле и се чуделе на таквиот повик на св. Ахил. Тогаш светителот пак рекол: 'А ако е Синот Божји рамен на Отецот, како што ние веруваме, нека потече елеј од овој камен”. И елејот навистина потекол на восхитување на сите. Св. Ахил се упокоил мирно во Лариса, во 330 година. Самуил, царот македонски, кога ја освоил Тесалија ги пренесол моштите на св. Ахил во Преспа на островот во езерото, кој се нарече и денес се вика Ахил или Аил.
|