Најкрволочното куче од антиката и Македонците

Мастифот е борбено куче со најнепробојна кожа, но денес малку се знае дека Англичаните малку претерале кога си го регистрираа како свое автохтоно куче.



Мастифот уште кај старите Асиро-вавилонци
И самите знаат но и историјата докажала дека оваа куче е постојан сопатник на Александар Македонски кој особено ги засакал заради нивната борбеност. Тие се бореле дури и против пумите при средбите на фалангата со нив, низ патешествијата по далекиот исток и џунглите.

Македонците за првпат се среќаваат со овие кучиња кога во борбите ги пуштаат Персијанците на нив и правеле метеж низ редовите на фалангата. Забележано е пак дека мастифите ги имале уште Асиро-Вавилонските владетели, па најверојатно Персијанците од таму ги превзеле.

Како и да е она што е сигурно е дека во Европа од истокот ги носи Александар Македонски, во чија чест е и самото име – “Мастиф” дадено многу подоцна од Англичаните кои го вкрстуваат и размножуваат во разни негови роднински сорти.

И не само тие, познато е дека и Американците кога го произведуваат пит-булот за потребите на војната во Виетнам, главната компонента при вкрстувањата од повеќето супер-кучиња е токму – мастифот.