Влезот на Османлиите во Европа е заради предавство

Јован VI Кантакузин се отцепил од централната власт на Византија прогласувајќи се најпрвин за деспот на областите од Дринполе и јужна Македонија. Заземајќи територии од империјата се раширил уште повеќе.


Имал и побуна со центар во Солун од Македонците – зилоти, но Јован успеал со помош од дворјаните да ја угуши.

Истиот Јован VI Кантакузин и го задава клучниот удар на Византија но и на Европа за упадот на Османлиите на свое тло во вековите што ќе следат. Тој го напаѓа императорот Јован V Палеолог во мигот кога надираат и Турците, со што им прави услуга која се возвраќа со тоа што тој е следниот цар од 1346 год. а Турците се на Европско тло дишејќи на Византија во врат.