Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово

Еден прст од другата дланка на светецот е и во манастирот со неговото име во с. Паралово. Тука го донел пред 20-тина години монахот Михаил кој преку свои луѓе од Цариград издејствувал да се пренесат дел од моштите на Св. Ѓорѓи во Македонија .


Дел од овие мошти пак завршиле во две цркви во Охрид, а прстот во манастирот со името од Великомаченикот и победоносецот Св. Георги кај народот од Паралово познат како – Св.Ѓорѓи.

Монахот Михаил пак на одење од манастирот кога си заминува со себе однел две вредни икони за кои се датира дека се постари од 800 години од еден од најстарите манастири во Македонија каков што е овој во Паралово.