Сонот на револуционерот

Само еднаш – во ропското вековие кога патот отворен пред македонскиот револуционер со определбата за револуција, го одведе до – слободата.


И нема генерација на македонскиот народ што се откажала од таа своја обврска низ револуција да ја донесе слободата. Низ таа своја револуција Македонецот се докажувал и пред себеси и пред другите – дека е свој, дека постои и дека дури постои ќе се бори за свое сонце под небото. Дека македонскиот револуционер ќе се бори за својот – македонски сон.

- И тоа што сме опстојале спроти сите црнила,и што сме денес во своја држава со нејзиното вековно име – пред се се должи на изнастраданата свест на Македонецот дека нема црнила што немаат свој крај, па и нашите – македонските.

- Има недобројани усни преданија и пишани сведоштва дека единствена утеха на сите македоснки револуционери и непокорници во часот кога згаснувале нивниот живот и непокорна мисла, биле свеста и сонот (Рефренот на сите македонски умирања) ;

- “По мерка на мојот човечки раст,
по мерката на мојата човечка сила,
по мерка на моите човечки премалувања и поревања,
ја простумев, ја непокрничев верата во Македонија ,
верата во нејзината пркосна неуништливост “.

И денес кога го живееме сонот на револуционерот, кога ние и нашите рожби сонуваме некој помирен сон ненарушуван од стрпежот на она што носи следниот миг, токму денес мора и треба да ги чуваме и браниме нашите револуционери од сите пропагандни напади. Зашто кукавиците не можејќи за живота, сега далеку по смртта на нашите револуционери, најподло ги напаѓаат. Затоа наша обврска е да ги браниме како што тие ги бранеа нашите предци за чиј мир и рожби, изгинаа сеејќи го патот сосипан од илјадници трупови кои и достигнаа такви височини и ширини да стана бедем кои душманите веќе не можат да го прејдат. Всушнст самите се вложија и положија во граничниот бедем на единствената ни – Македонија.