Моштите на Св.Марина
Моштите на Великомаченицата Света Марина се наоѓаат во Манастирот “Св. Марина“ во областа Мала Преспа, токму меѓу Македонците и среде македонските села во Албанија. Таму сеуште се случуваат чуда над нејзините мошти.
Св.Марина е родена во Антиохија Писидиска а со верата Христова се запознава уште на 12 години по што е презрена дури и од нејзините родители кои биле незнабожци. Кога стана мома, царскиот намесник на Антиохија пленет од нејзината убавина ја посака за жена а кога таа одби и уште тој дозна дека е Христијанка, ја изведе пред суд. И се судеше заради Христијанството во кое беше се утврдила а тоа значеше страшни маки на кои е подложена непрестано цели два дена. Најпосле беше и обезглавена, но Св.Марина не се откажа од верата кон Христа а нејзините свети мошти подоцна беа пренесени во Македонија, во Мала Преспа која денес е во делот подпадната под Албанија по поделбата во 1913 год.
|