Април

Настани кои се случиле низ времето поврзани со Македонија и Македонците.


05.IV.1987 год. во Скопје умре првата жена професионална артистка во Македонија , тоа е Г-ѓа Калипсо Налча.

09.IV.1873 год. од Солун во Велес пристигна првиот воз по новата железничка линија изградена низ Македонија. Оваа железничка линија ги поврза северот и југот на Македонија, Скопје и Солун но и револуционерниот Велес и попатните села и градчиња на Македонија. Токму затоа 09 април е прогалсен и денес се слави како Ден на македонските железничари.

09.IV.1909 год. турски офицери на импровзираното игралиште од полјаната зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје, одиграа прв фудбалски натпревар на територијата од денешна Македонија. Заради ова овој датум денес се слави како Ден на македонскиот фудбал.

14.IV.1945 год. во Скопје започна со работа Второто заседание на АСНОМ и траеше до 16 април. Се донесоа значајни одлуки и акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен ан ова заседание е формирањето на новат влада на Д.Ф.Македонија. Прв Претседател на владата е Лазар Колишевски.

14.IV.1992 год. во касарната од гарнизонот Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Со ова по повлекувањето на екс-ЈНА од Р. Македонија и меѓупросторот на превземањето караули и касарни од резервисти од ТО Македонија, започна изградбата и растежот на АРМ.

14.IV.1997 год. во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патеписец. Најпознати дела му се: “Ајдучка чешма“, “Развигорче “, “Белото циганче“, “Весела азбука”, “Чисти раце “ и др. Роден е во с. Колешино, Струмичко, на 08 јуни 1934 год.

14.IV.2000 год. во Скопје умре Јонче Христовски, врвен македонски инпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни.Неговите “Ако умрам или загинам”, “Едно име имаме” останаа најопеаните и највпечатливи песни среде македонскиот народ во Македонија но и надвор од неа.

16. IV.1991 год. Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот “Социјалистичка“ пред името на СР Македонија. Новиот назив само Република Македонија е усвоен на 07 јуни 1991 год.

17.IV.2004 год. умира Фана Кочовска – Цветковиќ, најмладиот прогласен народен херој од НОВ на Македонија и ностел на партизанска споменица 1941 год. Таа е родена во селото Лавци, Битолско на 27 јули 1927 год.

18.IV.1941 год. со одобрени на Хитлеровата Врховна команда, започна Бугарската окупација на Македонија. Бугарската армија ги запоседна сите поважни институции и места и постојано до крајот во Македонија држеше силни воено-полициски единиси и агентури заради силниот отпор на македонскиот народ против Бугарите. Заради оваа Бугарите превземаа не мали акции на терор и масакри врз недолжното македонско население. Но кога видоа дека со нивниот ментор Германија е готово, Бугарите свртеа друг лист па се свртеа од странат на оние против кои до вчера војуваа заедно со Хитлера.

24.IV.1905 год. во с. Цер, Кичевско во жестока борба со турскиот аскер загинува македонскиот војвода  Христо Узунов. Тој откога му снемува муниција заедно со преостанатите 11 соборци комити се наредуваат во круг пукајќи си ги последните куршуми едни кон други за да не паднат живи во турски раце. Христо Узунов е еден од најголемите македонски револуционери, учител, деец и војвода – борец за национална слобода на македонскиот народ, роднина на Григор Прличев. Роден е на 22.II.1878 год.

24.IV. 1949 год. во Скопје се оддржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот Универзитет. Во 1969 год., при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, истиот го доби името “Кирил и Методиј“.

24.IV.1993 год. умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е во с. Блатец , Виничко на 17 мај 1924 год.

25. IV.1191 год. црквата Св.Ѓорѓи од с. Курбиново, Ресенско, започна да се зографира. Таа е со ретко вреден стил на зографирање од црквите и манстирите на Македонија и токму затоа во слободна Р. Македонија на 19 октомври 1991 год., се одбележаа 800 години од живописувањето на оваа наша македонска црква.

25. IV.1979 год. во Битола е основан Битолскиот Универзитет, кој во 1993 год. го доби името “Св. Климент Охридски“.

26.IV. 1618 год. во еден од записниците на Сенатот на Венеција, се гледа и приложено писмо од “МАКЕДОНСКОТО БЛАГОРОДНИШТВО” (“THE NOBILITY OF MACEDON”) кое давајќи упати каде и како треба да тече воената акција за ослободување на Македонија, дава и други упатсвија и забелешки за потребите на оваа акција. Писмото е насловено со 26.IV.1618 Senato Secreta. 337. Macedonia
(Извор - Calendar of State Papers and Manuscripts relating to English Affairs existing in the Archives and Collections of Venoce and other Libraries of Nortthern Italy. London 1864. – Vol.XV,p. 201-202).

26. IV.1690 год. најголемата европска империја преку писмо потпишано и со печат од неговото царско Величесто Леополд I, се обраќа до Македонскиот народ како што и е насловено – “До македонскиот народ” – 26 април 1690 год. Писмото се наоѓа во Воениот Архив и се води под сигнатурен број 2601 и објавено е уште во минатото од разни Европски учени особено Чешките. Но она што е особено интересно и од Српски автори и тоа во време на најсилната српска пропаганда и негирање на македонската засебност во 1908 год., во делото од Јован Радониќ - "Прилози за историју Срба у Угарској у 16,17 и 18 веку”, 1, Нови Сад 1908 год. на стр. 52,53. Таму тој објавувајќи ги и другите писма на Австрискиот монарх до Балканските народи, го објавува и ова писмо. Неговата посебна вредност е во тоа што за разлика од другите народи на Балканот на кои им се обраќа во заеднички проглас, само кон македонскиот народ се обраќа со засебно специјлно писмо. Исто така ова представува и своевремно признавање на македонската национална посебност уште во XVII век од најсилната тогашна Европска држава.

26.IV.1992 год. Владата на Р. Македонија донесе одлука за монетарно осамостојување. Новата македонска валута го доби името денар.

26.IV.1992 год. Р.Албанија ја призна независноста на Р. Македонија.

30.IV.311 год. Константин I Велики, Римски цар со Миланскиот едикт го призна Христијанството во Римското царство и престанаа да се гонат Христијаните. Ова особено се одрази и на Македонија која прва беше зафатена од христијанството и каде тоа беше особено во замав со најголем број базилики, цркви и др. Христијански објекти и обележја.

30.IV.1903 год. Ордан Поп Орданов – Орце, еден од Гемиџиите и организаторите на Солунските атентати и како ќе каже во прошталното писмо до неговата Кате, “еден од самооткажаните за Македонија”, се самоубива во Солун, не сакајќи жив да падне во рацете на душманите. Тој и неговите македонски соборци тајно копаа канали под Солун и ги кренаа покрај Турските и Европските институции, банки, железници, бродови, ресторани , представништва во воздух лути заради Европската лицемерна политика кон македонскиот народ и турскиот терор.

30.IV.1944 год. кај с. Стаевци, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го оддржа своето прво заседание. Прв Претседател на Иницијативниот одбор беше Методија Андонов – Ченто.

30.IV.1992 год. во Скопје, редакцијата на весникот “Нова Македонија” и новинската агенција Франс Прес од Париз потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.

30.IV.2000 год. во Земскиот антенски центар Нова Брезица, Скопско е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонската дијаспора ширум светот.