Острово
Како посебен тип на крајбрежно-изворски езера се издвојува езерото “Острово” кое се наоѓа покрај брегот на Охридското Езеро во близина на манастирот Свети Наум, на местото каде што избиваат водите на најголемиот карстен извор во Република Македонија.
Должината на заезерениот дел се движи околу 220 м., а најголемата измерена длабочина е 3,5 м. Меѓу езерото “Острово” и Охридското Езеро постои кус површински водотек со должина од околу 10 метри. Во однос на Охридското Езеро, езерото “Острово” се однесува слично како “криптодепресија”, бидејќи неговото дно лежи повисоко во просек за 2,94 м. од нивото на Охридското Езеро, додека површинскиот дел е над нивото на водата во Охридското Езеро за 0,56 м. Големината на извориштето “Острово” изнесува 0,342 км2 а протокот во Охридското Езеро е околу 11 м3/сек.