Стојан Христов и неговите дела
25 јуни 1985 год., Стојан Христов на Скопскиот Универзитет.
- На својот инагурационен говор на свеченоста во Ректоратот на Скопскиот Универзитет по повод доделувањето на титулата почесен доктор на науките на овој Универзитет на 25 јуни 1985 год., за почетоците на своето пишување ќе рече:
“...Македонската тема што доминираше во моите литературни дела, ги заинтерисира и другите уредници, така што веднаш се најдов на добар пат. Пишував на англиски затоа што немав услови да пишувам на мојот мајчин јазик. Станав Американец. Америка ми постана втора татковина, но не можев да ја напуштам мојата Македонија, мојата прва мајка.
Моите книги симултано беа печатени во САД, во Англија и во др. земји... Мои раскази се застапени во бројни антологии. Бев среќен и весел што можам да го пренесам сето она што го носев и во себе го чувствував за мојот народ и мојата родна земја. Но мојата вистинска и неизмерна радост дојде кога моите книги, се појавија на мојот мајчин јазик“.
Стојан Христов и расказот – “КАМБАНА” (1927 год.)
- Со црковата, камбана и обичаите, Христов наративно го симболизира чувството за македонско национална свест, кај македонскиот народ.
- Одржувањето на верата и просветата во недостаток на македонска држава, за авторот се жариштата во оддржување на македонскиот национален идентитет во услови на турско ропство.
- Не случајно и туѓите пропаганди, пред се грчката и бугарската во овој дел од Македонија, (срската на север), се фрлија во борба кој да добие црковна управа над што повеќе македонски населби.Сепак поповите потајно си го проповедаа македонскиот идентитет.
- Не случајно и селската црква кај авторот се вика – Св. Илија и е светена на 02. август - на Илинден.
- Звуците на камбаната се повикот за слобода а краткотрајноста на таа слобода, симболично се дава со распукувањето на новата метална и толку долгоочекувана камбана.
- За тоа што значи камбаната (слободат) и како македонскиот народ во неа ги вложува најскапоцените и вредности,авторот пак симболични вели:
“На повикот за придонес селото пушти срце еднодушно и сложно. Жените ги симнаа од појасите сребрените пафти големи како паници, старите пари што им висеа назад во плетенките, прстените, медаљони и ги пуштаа во заедничкото купче што го собираше одборот пред црковната зграда. Мажите го изнесоа наследството старините, футролите од кривите сабји и сатните синџирчиња што можеа да им донесат цело богатство на собирачите на старини. Сите овие вредни скапоцености, рачно изработени од пред векови, ги однесоа в град и таму ги истопија и излеаа во камбаната со потребната количина легура...
Сето богатсво на селото беше собрано во камбаната. Оставеното наследство, долго-чуваните подароци, прстени, пари со ликот на АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ, реликвии чувани во кофчези и сандаци со децении предавани во наследство од колено на колено, други старини што ниеден собирач ниту археолог ги беше видел дотогаш – сите беа собрани да се излее камбаната.
Ова беше израз на великодушност, пожртвуваност, вера; беше симбол на добронамерност и искрено пријателство што завладеа во селото. Како што скапоцените предмети се стопија во огромната кубеста форма, така камбаната меѓусебно ги зближи луѓето.“
|