За македонските гета во САД
Опишани се и македонските квартови по градовите на САД . Како и други народности во САД и Македонците се изолираат во посебни улици, гета.
Таква улица во Сент Луис е II улица во македонското гето на Плам Стрит, каде делат слични судбини, навики и обичаи.
- Раскажувачот заработувајќи нешто од осигурувањето, си овозможува да патува низ модерните улици на Сент Луис. Го фасцинира Бродвеј и авенијата од центарот каде шета чист и убаво облечен свет. Разликите меѓу тој безгрижен свет и оној од неговите – Македонци, се низ следниот опис:
“Не можев да го одминам чувството дека кога не сум на Втората улица, не сум на мое сосптвено тло. Колку и да растеше моето познавање на градот, колонијата на Втора улица остана центар и јас чувствував дека ме влече купот тулени куќи населени од мои луѓе. Кога се враќав меѓу нив, ми се чинеше донекаде, како да се враќам во стариот крај, во привремен и нешто изменет стар крај, пресаден на американска земја. Јас веќе можев да откријам нешто непостојано во оваа колонија. Животот таму беше како во логори. Становите не беа домови, туку само привремени засолништа и луѓето што живееја во нив го бележеа времето до своето враќање во вистинскиот стар крај.“
- Длабоките етнокултурни разлики од македонското гето со она од Бродвеј изразени и во облеката .Внатрешната борба во прифаќањето на новото- Американското,најдобро се огледа низ описот:
“ И одеднаш, додека гледав во еден излог, видов крај телото во новиот американски костум и шапка, одразено едно селанче што носеше палто и панталонки од домашен шајак, бојадисан со евлина кора и ореовина. Долгите волнени чорапи на детето се допираа до панталонките под колената, а нозете му беа обуени во опинци од свинска кожа. На главата носеше капче со зелени и жолти везби.
- Бегај, не оди по мене. – Гордата снага на американскиот костум се обидуваше да го избрка детето во шајачки панталонки.
- Што се креваш наголемо! Кој мислиш да си ти? Мислиш дека си Американец ако си облекол американски костум и шапка? Ајде да те чујам да зборуваш англиски. И кај мислиш да одиш вака наконтен? Во станот на Плам улица? Ајде де! Ајде да те видам да влезеш таму и да се исправиш во овој нов костум и шапка пред татка ти и другите!“
- Исклучоците од Македонци кои успеваат во САД почнувајќи бизниси во центрите на градовите, раскажувачот ги спомнува:
“Три недели подоцна , во ноември, јас почнав да работам како помошник – келнер во еден ресторан во центарот. Шефот беше МАКЕДОНЕЦ, пријател на Паскала“.
- За келнерите се вели дека повеќето биле – ГРЦИ, со што пак јасно национално ги разликува Балакнските емигранти. Слично на овој Македонец се спомнува и друг – сопственик на мал хотел-кафеана од градот Сент Пол:
“Многу ме зачуди кога установив дека камената зграда во која влеговме беше една комбинација кафеана-ресторант-хотел што ја држеше еден наш сонародник. Јас самиот се чувствував како некој пионер, кој лично ја открива Америка, а ете во ова оддалечено место еден МАКЕДОНЕЦ веќе стигнал пред мене и дури се задомил“.
- Слично на ова авторот ќе налета и на друг пример од Монатана каде други двајца Македонци се снашле, за што вели:
“И ова чувство на блискост кон земјата на Монтана, далека и туѓа како што ми се виде првин, беше донекаде засилено со доаѓањето на двајца МАКЕДОНЦИ кои времено и се придружија на тајфата. Тие беа фармери, или хоистедери, овде на оваа прерија, дојдени во Монатана пред 6 - 7 години од Канзас Сити за да работат на пругата. Место да се вратат, тие отишле во Бирото за давање земја и добиле парцели, по 160 акри секоја. Отпрвин земјата не била нивна, бидејќи како што ни објаснија, тие требало да обработуваат дел од неа секоја година и да се собираат со некои други услови пред да им даде тапија за земјата. И потем, ете ги: едно праче Американска земја дадено со тапија на двајца МАКЕДОНЦИ“.
|