Пораз на Унијатсвото

И покрај сите мерки и средства, Унијатсвото може да се каже дека дека доживува вистински пораз во Македонија.


Зашто иако можеби нешто и како да се зголемил бројот на свои Унијатски семејства, истото се должело пред се на последиците од Илинденското востание, и тоа во еден многу колеблив број. Мисионерите ревносни да се пофалат за својот успех во својот извештај од крајот на 1903 год., посочуваат една растеглива бројка од 200 до 400 семејства(?!).

Ова е така заради тоа што како се засилувал теророт по востанието луѓето барајќи заштита се пишувале за Унијати , но штом стивнувала опасноста тие излегувале од Унијатсвото. Некакава стабилност покажале само сиропиталиштата и Унијатските училишта но и тоа пред се заради бесплатната издршка во тие гладни и страдални години. Овој број се движел најмногу до 150 ученици а во сиропиталиштето имало 45 женски и 20 машки деца (оваа бројка во Кукуш каде Пропагандата назначила тројца учители и нов директор)

Заради ова Пропагандата повеќе се определувала на овој тип училишта и сиропиталишта па отвара едно училиште во Ениџе Вардар а прави напор и за во Гевгелија . Но иако првично во Ениџе Врадр изгледало дека ќе има успех зашто тргнале преку 100 ученици а во Гевгелија 60-тина, тоа сепак биле деца на Православни кои повеќе заради бесплатната издржавка ја ползувале оваа помош финасирана од Франција. Овие училишта биле неколу пати затварани и отварани зашто притисок вршеле Православните конзули и цркви по протестите кон властите дека се злоупотребуваат Православни деца и родители заради оконостите.

Унијатите по ова пак се обидувале преку својата посигурна опција од жени мисонерки па во Гевгелискиот пункт ја активираат женската мисија во с. Паљурци т.е во Паљурскиот манастир. Таму имало 18 монахињи кои раководеле со бројно женско училиште и сиропиталиште со 25 девојчиња. Кон крајот на 1903 год. отвараат сиропиталиште доведувајќи деца од Кукушко најверојатно за да покажат масовност. Сестрите раководат и со женско училиште од 30-тина ученички во с. Богданци (Malet, Albert M.: [ Lettre ] Bulletin de L, Alliance – Paris spt. 1903, стр. 153)
Битолските Лазаристи ги раководел Лисијен Проа а женската мисија сестра Виолета но и девте мисии немаат некој успех. И она нешто ученици и во женската и во машката паралелка биле главно не- Македонци по потекло. Овие училишта биле посетувани од деца на побогатите семејства и тоа заради наставата на француски јазик а не заради некаква религиозност (La situation actuele de la Macedoine. Revue…sept. 1904 стр. 145 – 146)

Кај народот нешто повеќе популарност имале Лазаристичката амбуланта во која се лекувале главно Македонците, бидејќи биле бркани од Грците и Турците и нивните болници зашто не допуштале да лекуваат “ бунтовници “ како што ги нарекувале Македонците по востанието.

Костурскиот пункт е раководен од мисионерот Матес кој говорел турски, грчки и македонски а на почетокот од 1904 год е заменет со Гоаден, кој веднаш почнал да учи македонски но и да ги проучува 24- те цркви во Костурско. Имало и милосрдни сестри кои пак работеле во болницата на Англиската мисија.

Но и покрај се Унијатсвото имало локален карактер и никако не можело да се прошири од едните те исти рамки кои си ги поставило уште пред 50-тина години во Македонија. Разочарувачки за Конгрегацијата, наспроти безизлезната положба на македонскиот народ, наспроти потрошените реки пари, материјали, храни, книги, човечки и други ресурси анагажирани во Македонија. Македонскиот народ никако не сакал да се откаже од Православнта си вера. Затоа Конгрегацијата крои нов пеколен план.