Филозофијата на историјата

Филозофијата на историјата е особено блиска со две науки – историјата и социологијата.


Историјата при ова паралелно егзистира до филозофијата ( Херодот, Тукидид) како приказ и објаснување на поедини збиднувања кај одредени народи и држави, како и меѓусебниот однос меќу нив.

 За разлика од другите филозофски дисциплини, филозофијата на историјата како посебна дисциплина се формира во поново време. Називот “ филозофија на историјата “ се појавува во XVIII век, кога Волтер прв го употребува во својот спис “ Philosophie de l,histoire “ ( 1765 год.).

 И иако филозофско-историските размислувања се јавуваат и во антиката, со своја поцелосна разработка и системски облици, филозофијата на историја та ќе се здобие дури во XVIII век низ делата на Хердер, Фичте, Хегел, Виц и др.

 

  Поглед на Историјата

 

 Предмет на оваа наука секако е она што е и содржано во нејзиниот назив – историјата и тоа од еден покомплексен филозофски поглед. Зашто секоја филозофија на историјата е илузорна ако во своите темели ја нема целокупната фундаментална филозофска проблематика.

 Да се постави прашањето за историјата , претпоставува прашање за човекот, а секое филозофско прашање за човекот инволвира во себе некогашна метафизичка а денес онтолошка , дијалектичка проблематика на битисувањето, како природното така и човечкото , нивниот однос и влијание што пак преоѓа во спознајнотеоретска, етичка и др. проблематика. Всушност секоја филозофска дисциплина во некоја смисла е “филозофија во мало” со изразена разработка на една од нејзините страни.

 Но фундиран одговор на прашањето за истријата можно е да се даде дури по филозофска елаборација на вечната тема за човекот и “ неговото место во вселената “.

 Ако за историјата може да се зборува во права смисла, тогаш темите на законите на историјата , континуитетот или дисконтинуитетот во историскиот развој, цикличноста или линеарноста, детерминираноста и карактерот на таквата историска детерминација, нужноста и случајноста во историските случувања, улогите на свеста и идеите на поединецот или масите, слобдата или условеноста на човечкото историско делување на оние теми кои примарно ги одредувале содржините на филозофско-историските истражувања.

 Но кои се причините за касниот развој од филозофијата на историјата за разлика од метафизиката, логиката, спознајната теорија, етиката и др. филозофски дисциплини појавени уште во антиката ?

 На прво место тоа е – историскиот предмет . Не сите историски збивања и настани се лесно достапни на човековата опсервација и реконструкција, напротив некои се тешко достапни. Предметно историјата како таква е нефатлива, оддалечена и нетранспарентна.

 Понатака во антиката историските искуства и сознанија уште биле прилично оскудни. Човекот во антиката е соочен со ограничениот простор на социјалната заедница од своето село, град или племе за чија историја знаел но не низ некои посигурни научни извори но наративни, што ќе рече скудно. Отежнатите комуникации пка условувале приврзување за својата заедница а пак што од своја страна укажувало дека за другите заедници или земји уште помалку знаел.