Крофни
Крофни, десерт
Потребни состојки:

3 јајца
200 мл. јогурт
300 гр. брашно
1 кесичка прашок за печење
2 кесички ванилин шеќер
300 гр. мелен шеќер
1 л. масло за јадење


Во сад за матење јајцата се матат со миксер како за торта па се додаваат јогуртот и ванилиниот шеќер. Прашокот за печење се става во брашното и брашното се додава во садот за матење. Тестото за ктофни треба да биде погусто од тестото за палачинки но не и да биде течно, туку да може да се црпи со лажица. Од тестото ставаме во калап за крофни, и притискајќи на калапот, крофните ги пржиме во 1 литар загреано масло за јадење. Откако ќе ги испржиме крофните ги ставаме во чинија и ги нарасуваме со мелен шеќер.