Сутлијаш
Сутлијаш, десерт
Потребни состојки:

500 мл. млеко
500 мл. вода
150 мл. масло за јадење
300 гр. шеќер
250 гр. ориз
1 кесичка ванилин шеќер


Млекото, водата, маслото за јадење и шеќерот се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зоврие, се додаваат 250 гр. ориз и се вари на тивок оган додека да се свари оризот. Се трга од огнот, се става кесичката ванилин шеќер, се меша и потоа се сервира во стаклени чинии, а одозгора се става цимет.