Торта со јаболка
Торта со јаболка, десерт
Потребни состојки:

5 јајца
500 гр. шеќер
500 гр. јаболки
100 мл. млеко
250 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печење
1 кесичка ванилин шеќер
500 гр. брашно
1 лимон


Јаболките се лупат, се чистат од семките и се рендаат. Врз нив се става 100 гр. шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и сок од еден лимон. Јајцата и останатиот шеќерот се матат како за торта. Се додаваат млекото, маслото за јадење и брашното помешано со една кесичка прашок за печење. На крај се додаваат ренданите јаболка и се меша со дрвена лажица. Плехот за печење го намрсуваме, ставаме брашно и протресуваме за да се разреди брашното, а потоа го истураме тестото. Тортата ја печиме околу 30 минути на температура од 180оС. Пред да биде готова врз неа ставаме малку шеќер и пак ја допечуваме.