Полнети гибаници со сирење
Полнети гибаници со сирење, тестенини
Потребни состојки:

500 гр. брашно
½ коцка квасец
300 гр. сирење
4 јајца
3 варени моркови
100 гр. маргарин
сусам
Сол


½ коцка квасец ја раствораме во топла вода, додаваме малку брашно, малку шеќер и оставаме да се надигне, а потоа со брашното замесуваме тесто како за леб и го оставаме да стаса. Во меѓувреме го подготвуваме филот. Јајцата (од едното јајце ја делиме жолчката од белката, при што жолчката ја тргаме настрана) ги кршиме во подлабок сад, потоа ги додаваме сирењето и морковот кои претходно се рендани, посолуваме и ги мешаме со вилушка. Потоа, повторно тестото го размесуваме и формираме топчиња. Топчињата малку ги расукуваме со сукалка, ставаме од филот и ги поклопуваме, а краевите ги притискаме со вилушка за да не излезе филот. Полнетите гибаници ги редиме во подмачкан плех, гибаниците ги премачкуваме со жолчката што претходно ја одвоивме, нарасуваме со сусам и ставаме парчиња маргарин. Гибаниците ги печиме во рерна на 180оС околу 20 минути.