Посна манџа
Посна манџа, главно јадење
Потребни состојки:
4 компири
4 моркови
2 домати или домати во шише
2 главици кромид
3 чешлиња лук
200 гр. ориз
Магдонос
Масло за јадење
Сол
Црн и црвен пипер
Во тенџере на оган ставаме да се пржи ситно сечкан кромид, па морковот го лупиме го сечкаме на кругови и го додаваме во тенџерето. Компирите ги лупиме, ги сечиме на покрупни парчиња и ги додаваме во тенџерето, промешуваме, ставаме сол, црн и црвен пипер и пак мешаме. Во тенџерето ги додаваме и ситно сечканите домати (или доматен сос), налеваме уште 500 мл. жешка вода и го оставаме да се вари 15 минути. Потоа го додаваме оризот и ситно исечканиот лук. Манцата се вари уште околу 30 минути и повремено промешуваме.
|