Тостерки
Тостерки, тестенини
Потребни состојки:
5 јајца
400 гр. шеќер
300 гр. млеко
300 гр. масло за јадење
800 гр. брашно
1 кесичка прашок за печење
2 кесички ванилин шеќер
Во подлабок сад се матат со миксер јајцата и шеќерот додека не се растопи, потоа се додаваат млекото, маслото за јадење, брашното и кесичките ванилин шеќер и прашокот за печење. Продолжуваме да матиме со миксер додека состојките не се изедначат. Од смесата црпиме со лажиче и ставаме на загреан тостер, поклопуваме со горниот дел од тостерот и оставаме тостеркитењ да се печат 1-2 минути. Откако малку ќе заруменат, ги вадиме од тостерот и постапката ја повторуваме со останатото тесто.
|