Посетите на Тито во Македонија
Тито, по војната до смртта во 1980 год. Македонија официјално ја посети 16 пати (пред тоа има поминувано само еднаш во 1940 год.).
 * Прва посета – 1945 год. (повод Денот на востанието на македонскиот народ)

- 10.XI.1945 год., нешто по 16,00 часот, со специјалниот воз по само неколку месеци од завршувањето на војната, Тито доаѓа на железничката станица во Скопје во придружба на високи сојузни и републички раководители.

- 10.XI.1945 год., вечерта во зградата на Народниот театар, на свечена седница по повод Денот на востанието на македонскиот народ, маршал Тито лично им ги предава одликувањата Орден на народен херој на мајките од загинатите: Орце Николов, Кузман Јосифовски-Питу, Мирче Ацев, Христијан Тодоровски-Карпош, Цветан Димов како и бабата на Страшо Пинџур. Држи и пригоден говор.


При првата посета на Тито тој лично ги дели ордените за народен херој на мајките на загинатите Македонци (за народниот херој Страшо Пинџур, орденот го прима баба му)

- 11.X.1945 год. – пред повеќе од 60 000 грѓани на Скопје и Македонија, Маршал Тито на градскиот плоштад во Скопје го држи својот прв говор во Македонија.

* Втора посета – 1949 год. (по повод 5-годишнината од македонската државност)

- 02.VIII. 1949 год., на голем митинг во Скопје во присуство на преку 100 000 Македонци, Тито ги искажува придобивките од НОВ.

- 03.VIII.1949 год., Тито има три средби, на кои зборува за внатрешно-политичката ситуација во земјата и односите со СССР и другите источно-европски земји; разговара со скопските ударници, зборува пред офицерите и генералите на гарнизоните во НР Македонија и третатата средба со делегација на селските работни задруги на Македонија.


Тито држи говор пред насобраните Македонци, Скопје 1949 година

* Трета посета – 1953 год. (по повод Денот на востанието на македонскиот народ)

- 11.X.1953 год., Тито зборува на прославата за десетгодишнината од формирањето на македонските бригади. Пред митингот Тито врши смотра на построените бригади а потоа ги одликува со високи одликувања: Првата македонско-косовска брогада како и Втората, Третата, Четвртата и Седмата македонска бригада.


Заменик командантот на II-та народно ослободителна ударна бригада, Лазар Калајџиски - Добри го прима Орденот заслуги за народ со златна ѕвезда од Маршал Тито во Скопје 1953 година

- 11.X.1953 год, Тито го посетува болничкиот комплекс во Скопје.

* Четврта посета – 1954 год.


- 06.VI.1954 год.,
по посетата на Грција каде главно разговара за безбедноста на Балканот, Тито држи говор во Гевгелија, потоа ги поздравува и граѓаните на Тиквешијата кои го дочекуваат истиот ден на железничката станица во Неготино. По ова “Синиот воз” со кој патува Тито преноќува на отворена пруга ноќта помеѓу 6 и 7 јуни.


Тито држи говор од Синиот воз пред насобраните неготинчани на железничката станица

- 07.VII.1954 год., во раните утрински часови Тито пристигнува во Велес каде го пречекуваат илјадници граѓани на Велес и Велешко пред кои исто така држи пригоден говор.

- 07.VII.1954 год, претпладнето Тито и “Синиот воз” се во Скопје на железничката станица. Тука пред 200 000 граѓани Тито држи говор. По говорот и краткиот престој во кафе-ресторанот на железничката станица, Тито заминува за Белград.

* Петта посета – 1957 год.
(по 65-тиот роденден, Тито 8 дена е во Македонија)

Хидроцентралата Вруток лично е пуштена од Тито во мај 1957 година
- 27.V.1957 год.
, Тито лично ја пушта во погон хидроцентралата “Вруток”.

- 29.V.1957 год., Тито присуствува на советувањето за развојот на земјоделството во Македонија со претставниците на СКЈ и народните одбори од Скопје, Тетовска, Кумановска и Штипска околија.

- 31.V.1957 год., во Охрид Тито присуствува и дискутира на работниот состанок со претставниците на општинските и околиските народни одбори и секретарите на околиските и општинските комитети на СКЈ од Битолската и Охридската околија.

- 03.VI.1957 год., по неколкудневниот одмор во Охрид, Тито присуствува на свечениот ручек во Домот на ЈНА во Скопје при што држи здравица. По ручекот држи говор пред повеќе од 100 000 граѓани на Скопје кои му посакуваат добар пат.

- 03.VI.1957 год., попладнето Тито и сопругата Јованка го посетуваат Куманово и фабриката за рабни цевки “11 октомври “. На кумановската железничка станица среќен пат за Белград им посакуваат македонските партиски и државни раководители.

* Шеста посета – 1959 год. (враќајќи се од 3-месечна турнеја по Африка и Азија и Грција)

Тито е во посета на 7 пријателски земји од Африка и Азија каде тој престојува 3 месеци. Враќајќи се од таму се задржува и во Грција каде на островот Родос разговара со премиерот Караманлис. Од Родос со бродот “Галеб” допатува до Солун од таму со “Синиот воз” кон Македонија.

- 06.III.1959 год., со “Синиот воз” Тито минува низ Гевгелија, Неготино и Велес и во сите три града држи поздравни говори во кои главно, ги истакнува резултатите на оваа значајна посета на Индија, Бурма, Индонезија, Египет и другите земји каде е пречекан величествено. По ова допатува во Скопје каде преноќева.


Од Синиот воз Маршал Тито ги држи најчесто говорите ширум градовите и селата на Македонија низ кои минува враќајки се од Грција 
 
- 07.III.1959 год., Тито минува низ Куманово каде на железничката станица е пречекан од повеќе од 50 000 граѓани на Куманово и околните региони. Тито оддржува пригоден говор.

* Седма посета: 13-15.XI.1961 год.

- На 17-годишнината од ослободувањето на Скопје, Тито доаѓа покрај поводот, да ја пушти и во употреба делницата од автопатот “Братство-единство“ (денес наставокот од овој автопат кон Гевгелија кај нас е делницата “Александар Македонски”) од Грделица до Скопје.

- Тито врши обиколка на дел од автопатот и ја пушта во употреба делницата со сечење лента, а потоа оддржува говор во Скопје.Во говорот го фали големиот успех и ентузијазам на младите градители од целата земја .


Тито го пушта во употреба делот кој ги поврзува Македонија и Србија од автопатот Братство и единство при посетата во 1961 година на кој го изградија работиничките бригади

- 14.XI.1961 год., Тито ги посетува Дојран, Валандово и Богданци каде се запознава со тамошните општествено-политички прилики а има средби и со граѓаните од овие места.

- 15.XI.1961 год., Тито ги посетува Битола, Ресен и Охрид, а на враќање од Охрид, повторно Битола но и Прилеп и Куманово. Насекаде е пречекан од организираните воодушевени граѓани.

* Осма посета: 27.VII.1963 год.

- на непоминати 24 часа од страотниот земјотрес во Скопје од утринските часови на 26 јули, Тито доаѓа во разурнатото Скопје. Се запознава со последиците од катастрофата, посетува делови од настраданиот град и ги обикулува прифатилиштата и привремените сместувалишта на граѓаните.


Тито со Крсте Црвенковски го обиколува разрушеното Скопје во 1963 година
 
- При тоа им дава инструкции на луѓето од раководниот персонал на спасувачката акција, раководството на СР Македонија и високите командни кадри на армијата која е вклучена во спасувачките активности а разговара и со настрадани граѓани на Скопје.


За санирање на последиците од земјотресот во Скопје упатена е голема механизација и работна сила

* Деветта посета: 22.VIII.1963 год.

- 22.VIII.1963 год., Јосип Броз Тито пак е во Скопје но заедно со рускиот гостин Претседател на СССР, Никита Сергеевич Хрушчов.Тие се еден ден во Скопје-доволно за да се информираат за се што е сторено и се прави од меѓународната солидарност кон Македонија за ублажување на катастрофалните последици од земјотресот.

* Десетта посета: 17.XI.1965 год.

- 17 ноември 1965 год. Тито пак е во Скопје и Македонија но заедно со полските раководители Владислав Гомулка и Јузеф Циранкјевич. Тие ја посетуваат фабриката за органско-хемиска производство – “ОХИС” а попладнето се на изложбата од новиот генерален урбанистички план на Скопје.


Тито го посетува  хемискиот комбинат ОХИС и други капацитети на Македонија

- Тито е задоволен од тоа како урбанистите за кратко време ја планираат и согледуваат иднината на Скопје како модерна метропола. Пред заминување високите гости присуствуваат на концерт организиран специјално за нив од ансамблот “Танец“.

* Единаесетта посета: 20.X.1967 год.

- 20 октомври 1967 год. Тито доаѓа во повеќедневна посета на СР Македонија. Истиот де ја пушта во употреба Скопската железара и присуствува на ручекот што во ресторанот на новиот стопански гигант е приреден во негова чест.

Тито при посетата на Охрид во 1967 година
- 21 октомври 1967 год., Тито трга на пат кон Охрид а патем ги посетува тогашниот Титив Велес, а потоа и стопанството “Пелагонија“ од Битола, каде на свечен ручек држи здравица. Попладне е пак во Ресен а во Охрид стигнува во доцните попладневни часови.

- 22 октомври 1967 год. во Охрид се состануваат македонските раководители со Тито и делегацијата и разговараат за актуелните општествено-економски прилики на Македонија.

- 24 октомври 1967 год., Тито одмара во Охрид а на 24 октомври рано стигнува во Прилеп каде е речиси целиот ден. Во Прилеп Тито има три јавни настапи: држи говор пред Домот на ЈНА (денешната зграда од ЛС Прилеп), потоа присуствува на конференцијата за печат со новинарите кои ја следат неговата посета и најпосле, држи подолга здравица на вечерата приредена во негова чест.

* Дванаесетта посета: 01-04.VIII.1969 год.

- 01 август 1969 год., по повод 66- годишнината од Илинденското востание и 25- годишнината од заседанието на АСНОМ, Тито пак е во Македонија. Маршалот Тито го посетува Институтот за национална историја и разговара со раководителите на градот.

- 02 август 1969 год. Тито говори на свечената седница на Собранието од СР Македонија по повод јубелејот од АСНОМ по што му е предадена златна споменица на АСНОМ.


Прилеп посетен од Тито во 1969 година

- 03 август 1969 год., на пат кон Охрид Тито ги посетува Прилеп, Крушево, Битола и Ресен. Во Охрид Тито останува три дена каде покрај краткиот одмор води разговори со студентите и професорите од Скопскиот Универзитет како и со политичкиот актив на СР Македонија.

* Тринаесетта посета: 09-13.VI.1970 год.

- 09 јуни 1970 год., Тито е на свечена академија од МАНУ, при што тогашниот Претседател на МАНУ, Блаже Конески, му врачува на Тито диплома почесен член на МАНУ. При ова Претседателот Тито држи пригодна беседа.

- 10 јуни 1970 год. Тито го посетува стопанството “Црвена ѕвезда“ од Штип и води разговори со политичкиот актив на градот. Истиот ден Тито ја посетува и фабриката “Струмичанка“, а води и разговори со политичкиот актив и на Струмица.

- 11 јуни 1970 год., Тито на пат за Гевгелија, ја разгледува фабриката за високофреквентна керамика, минува низ Банско, Дојран и Богданци. Населението средечно го пречекува.

- 11 и 12 јуни 1970 год. Тито во Скопје води разговори со културни и научни работници од СР Македонија, го разгледува новиот железнички јазол, посетува некои новоградби и води разговори со политичкиот актив на Македонија.


При посетите на Тито на Македонија подоцна е присутна и сопругата Јованка

* Четиринаесетта посета: 07-10.XI.1972 год.

- 07 ноември 1972 год., Тито допатува во Куманово каде по втор пат ја посетува фабриката за рабни цевки “11 октомври“ и води разговори со раководствата на претпријатието и градот.

- 08 ноември 1972 год., Тито е во посета на градското собрание на Скопје и Стакларницата, а вечерта на свечената вечера во хотелот “Континентал“ држи здравица.

- 10 ноември 1972 год. претпладнето Тито е во Тетово каде го посетува Меморијалниот музеј на ЦК КПМ а го разгледува и волнарскиот комбинат “Тодор Циповски Мерџан“ (Тетекс), води разговори со општествено-политичките работници и стопанственици од Тетово, во угостителскиот објект “Арабат-баба теќе“ присуствува на мала модна ревија, а за време на ручекот држи здравица. Вечерта заминува од Скопје за Белград.

- при оваа посета Тито во својата резиденција на Водно, прима претставници од Редакцијата на “Нова Македонија” на кои им одговара на актуелни прашања.

* Петнаесетта посета: 31.III-03.IV.1975 год.

- 31 март 1975 год., Јосип Броз Тито по 15-ти пат допатува во Македонија. Во Скопје ги посетува Сули-ан и црквата Св. Спас, при што положува букет цвеќе на гробот од Гоце Делчев.


Со полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев, Тито им се глуми почит на Македонците

- 01 април 1975 год., Тито во Титов Велес ја посетува топилницата ”Злетово“ каде води подолг разговор со претставниците на општествено-политичките и стопанските организации од градот.

- 02 април 1975 год. гостинот има 2-часовен разговор со политичкиот актив на СР Македонија. Во текот на денот Тито го посетува Трговскиот центар, а вечерта на свечена вечера во Собранието на СР Македонија држи здравица.

* Шеснаесетта посета: 05-07.X.1978 год.

- 05 октомври 1978 год., според тогашните извештаи повеќе од 400 000 скопјани го пречекуваат на улиците од Скопје по кои долго движи колоната автомобили од придружбата на Тито.

- 06 октомври 1978 год. претпладнето Тито води разговори со истакнати општествено-политички работници на Македонија, а вечерта на свечена вечаера во негова чест приредена во зградата на Собранието на СР Македонија, тој ќе оддржи здравица со Претседтаелот на СР Македонија, Видое Смилевски-Бато.

Ова беше и последната средба на Тито со Македонија, 16-та во текот на 34 години.