Османлиите, исламот и правото
Во османлискиот период од владеењето со Македонија, преовладувала традицијата на правници кои им даваат правно толкување на верските прописи од свој личен економски, но и верско-политички аспект, кои ја управувале империјата со политички средства и државништво во името на исламот.
Турското исламско владеење со Македонија се совпаѓа со периодот кога е ставен крај на традицијата на научни иновации во муслиманскиот свет, кога нема толеранција за иновации, за прогрес, за послободни толкувања на појавите, надвор од постулатите на Коранот. За отсуството на научната и општествената толеранција и царувањето на ароганцијата, ни потврдува и британскиот конзул во Отоманското цраство Eton William во 1800 год.:
Султан Селим II (1524-1574)
|
“Никој нема поим за навигацијата и употребата на магнетот...Патувањата како значаен извор на нови сознанија и свест се проверувани со арогантниот дух на нивната религија и...завидливоста со која се однесувале спрема странците.“
Положбата на македонскиот народ во ваквите околности е особено тешка и заради непосредната близина до средиштето на османската моќ. Македонија од тоа време е претставувана како земја на “блискиот исток“ со бројни врски и контакти и преку неа главно се одвивале почетните етнички промени со населувањата етнички групи од исток кон Балканот. Но особено тешка е состојбата за правата на немуслиманите со султаните Селим II (1566-1574), Мурат III (1574-1595) и наследниците. Судовите не смееле да ги казнуваат Турците кои правеле зулуми врз христијаните а сведочењето на христијаните пред турските судови не важело. Имено, Шеријатот не предвидувал еднакви права за христијаните кои ги ставал на многу понизок степен од муслиманите. На христијаните како “неверници”, автоматски им се забранувало појавување пред верскиот шеријатски суд. Се јавувало двојство во пресудите заради различното гледање на одреден случај од страна на државниот и верскиот суд, при што секогаш се завршувало со одлуката на вториот, како посилен.
Султан Мурад III (1546-1595)
|
Така на пример, за ова интересен е еден случај од крајот на XIX век од Дебар. Македонците христијани од Дебарско воделе парница во Битола против господарите на чифлиците (албанските аги и бегови). Валијата наоѓал дека се во право селаните, додека шеријатскиот суд наоѓал дека се во право господарите на чифлиците и така останало. На жалбата од селаните за одлуката на шеријатскиот суд валијата им одговорил:
“Па што да ви правам луѓе, правото е ваше, но верата вам не ви чини, па ни правда за вас нема“
(“Град Дебар у време ослобоѓења“, Братство XXXI књ. 51 1940, стр. 155)
Како капак, во правосудството завладеал поткупот и жедтта за лесен живот па на турските државни службеници уште помалку им било до правдата на потчинетите. Христијаните не можеле да се надметуваат во поткупи со муслиманите зашто и онака немале пари, па секогаш биле странката која губи во спорот. Ова дополнително ги оссилувало спахиите кои земале колку сакаат пари и храна, а ги напаѓале и жените и децата од христијаните. На се ова спахијата земал и даноци за секоја христијнска свадба, а месните власти наметнале и произволен данок од манастирите. Едноставно, правото во отоманска Турција го диктирал владеачкиот ислам.
|