Атенор ги основа Венетите
Тит Ливиј во првата книга од “Ab Urbe condita”, продолжува со едниот од овие три лика Атенор кој по разните премрежија најпосле се докопува до најсеверниот брег на Јадранското Море на чело од група Енети.
Менелај, убиец на кралот Пилајмен водач на Енетите (подоцна Венети)
Тие пак Енетите, беше биле изгонети со востанието од Пафлагонија (област во северна Мала Азија на брегот на Понт која не е конституирана држава но чии кралеви се сојузници на Троја; дури по I век н.е влегла во Понтското кралство на Митридат VI Еупатор). Енетите барале ново живеалиште и водач зашто кралот им Пилајмен е убиен од Менелај кај Троја. Сега, го наоѓаат новиот водач во Тројанецот Атенор кој со остатоците од своите Тројанци и од Енетите трга во Италија, во областа меѓу Алпите и Јадранско Море. Но таму веќе живеел италскиот народ – Еугенејци, та Енетите и Тројанците на чело со својот нов водач Атенор водат војна со овој домороден народ. Како вешти и прекалени војници од долгогодишните војни под Троја, бргу ги разбиваат Еугенејците и ги населуваат нивните земји. И местото каде најпрвин се истовараат го нарекуваат Троја од што влече потекло и името на Тројанската област а сите заедно се обединуваат и заживуваат мешајќи се како ново племе наречено – ВЕНЕТИ.