Делија
“Делија“ (turs. “deli” што значи луд, незауздлив, алчен, или пак од araps. “delil” што е пак водач) во старата турска воена организација е дел од нерегуларна лесна коњица од пограничните воени сили.
Името го добиле по смелоста и храброста или по подоцнежната функција на водечки турски сили. Имено, подоцна делиите ќе станат војнички ред од серхад-кула (краишници, граничари) кој е основан во Босна во почетокот на владеењето од Сулејман II Величествениот (1520-1566), потиснувајќи ги акинџиите кои во ова време се сведени на степен од раја. Во Босна прв пат се споменуваат во 1526 год., за намесништвото од Хусрев-бег кој според некои податоци ги имал близу 10 000 што е секако повеќекратно преувеличување. Првично се појавуваат во Босна а нешто подоцна и Хрватска затоа што ова биле крајните граници на империјата која се граничела со друга силна империја, Австро-Унгарската.


Турски делија

Се разбира, откако се воведени како војнички ред не требало долго да се појават и низ останатите територии на Османлиското цартсво, па така и во Македонија. Првите делии ја сочинувале телесната гарда на пограничните команданти, а потоа се развиваат во силни ударни единици. Делиите се регрутирани од најхрабрите исламизирани жители на Босна, Хрватска, Србија, Бугарија, Македонија, Албанија и другите балкански земји. Со одредот делии командувал делибаша. Одредот се делел на бајраци (50-60 луѓе) на чело со бајрактар.