Димитар Шилдишев (? – 1903 )
Роден во Охрид. Еден од активните членови на револуционерниот ученички кружок во Битолската гимназија.
Стана секретар во четата на војводата Параскев Цветков и како таков загина во нерамната борба, која што ја водеше четата со многубројна турска војска во с. Могила на 8 мај 1903 година.
|