Петар Ичко
Роден во с. Катраница, Воденско.
Учествувал во ослободителните движења на српскиот народ. Тој е еден од раководителите на српското востание. Во 1806 год. бил ополномоштен од српската држава да склучи мир со Портата во Цариград. Тој мир е известен под името “Ичков мир”. Но враќајќи се од Цариград за Србија со една турска делегација во 1807 год. тој и целата турска делегација биле убиени во Параќин.
|