| Вселенските црковни собири  
 Познатите Вселенски собори на православните помесни цркви се одржуваат во следните години: - I Вселенски собор – Никеја ------ 325 год. н.е
 - II Вселенски собор – Цариград-- 328 год. н.е
 - III Вселенски собор – Ефес – ------ 431 год. н.е
 - IV Вселенски собор – Халкидон--- 451 год. н.е
 - V Вселенски собор – Цариград---- 553 год. н.е
 - VI Вселенски собор – Тнул----------- 681 год. н.е
 - VII Вселенски собор – Цариград --- 783 год. н.е
 
 Соборите биле свикувани поради:
 
 
 
    
        • I Вселенски собор во Никеја 325 год. н.е, свикан е под царот Константин I Велики и на него се раскрстува со аријанското учење. Присуствуваат 318 Епископи, и траел 2 месеци и 12 дена. На овој собор е составен симболот на верата (Верувам во еден бог отец, седржител...)
            |  Константин I Велики го свикува Првиот Вселенски собор и прв го официјализира христијанството
 |  
 • II Вселенски собор во Цариград 328 год. н.е, свикан е под царот Теодосија Велики и на него се раскрстува со лажната наука “МАКЕДОНИЈА и Полинарија”. Присуствуваат 150 Епископи што не е ниту половина од претходниот собор а пак што доволно укажува како “македонската наука” е навлезена во христијанството во ова време.
 
 • III Вселенски собор во Ефес 431 год. н.е, свикан е под царот Теодосијан II раскрстува со Несторијанците. Присуствуваат 200 Епископи и токму од овој собор, Богородица се нарекува “Мајка божја”.
 
 • IV Вселенски собор во Халкидон 451 год. н.е, свикан е под царот Марцијан, раскрстува со учењата на Евтихија и Диоскор. Присуствуваат 630 Епископи.
 
 • V Вселенски собор во Цариград 553 год. н.е, свикан е под царот Јустинијан I Велики, раскрстува со Оригиновите повторувачи. Присуствуваат 465 Епископи.
 
 • VI Вселенски собор во Тнул 681 год. н.е, свикан е под царот Константин IV, покрај раскрстувањето со тогашната ерес, во состав на Вселенскиот собор со царот се воведени и два Патријарха – Цариградски и Антиохиски. Покрај нив тројцата на овој собор присуствуваат и 160 Епископи. Потврдена е Христовата човечка природа со нагласување на вистинитоста на неговата човечка воља и дејство.
 
 • VII Вселенски собор во Цариград 783 год. н.е, свикан под царот Константин VI, на кој се раскрстува со иконоборците. Со Патријархот Цариградски Терасие, присуствуваат и 367 Епископи кои воведуваат и служење со 22 Правила.
 
 |