Крсте Петков Мисирков
Крсте Петков Мисирков е роден на 18.11.1874 год. – во с. Постол, Егејска Македонија.
Тој е најистакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 год. ја издаде книгата “За македонцките работи”, на свои 28 години и откако предходно во 1902 год. го заврши факултетот во Санктпетрбург.
Книгата е одраз на неговата борба за самостојноста на македонскиот народ токму во времето кога соседните пропаганди најмногу удираа по неговите територии, блага и души. Но и не само тие но и вековните поробувачи Османлиите а од страна долеваа и големите сили , сите демена и го черечеа македонскиот народ со пропаганди и терор. Во 1905 год. во Одеса го издава вес. “Варадар “ на македонски јазик. Бил најголемиот македонски полиглот па чителствува и работи низ разни градови на Русија, Бугарија и новонастанатите држави по распадот на руското царство. Како еден од основачите на Македонското студентско движење, многу подоцна со оние кои останаа во Русија како Димитрија Чуповски, Дијамандија Мишков, Наце Димов и др. го покренуваат вес. “Македонски глас” каде има негови бројни текстови. Се потпишува со родокрајниот епоним “Пелски” (Пела – Постол) кога објавува текстови во списанијата каде ја шири вистината за својот македонски народ. Живеејќи во Бугарија пак, често болешлив и во сиромаштија а немајќи ја силата на еден Сандански или другите македонски герилци, зашто неговата сила е во интелектот, напати се прикрива и прилагодува на Бугарите и нивните непрестани демнеења над него знаејќи за каков формат на македонски идеолог се работи.
Но и во такви услови изнаоѓаше да ги пласира своите македонски национални стремежи, особено во списанието “Мир”. За да се сфати неговиот тежок миг треба да се вратиме само малку во предходната држава во која нашите генерации живееја – СФРЈугославија и кога мораше да се слави заедничката држава и “корен – словенскиот”, но да се избегнува многу да се нагласува посебноста на својот македонски национален стремеж, кој уште беше и признат. Во Бугарија во времето на Мисирков тој стремеж беше пак дополнително и фанатички ништен, затоа денешната бугарска пропаганда кога се фаќа како давеник за сламка за некои пишувања за Бугарија кои навидум и одговараат, кутрата и не сфаќа дека Мисирков само навидум им ја потхранувал суетата но им го задал најголемиот удар како распламтувач на македонизмот.
Таму во Софија на 26 јули 1926 год. во најголема сиромаштија и беда умре Мисирков, но продолжувајќи го и хранејќи го македонизмот со нова и таква храна, што какви да превземат чекори денес бугарските пропагандисти , преслаби се и секогаш ќе се далеку зад Мисирков. Едноставно се бореше со се и со сета своја љубов за нешто чисто и возвишено – самостојноста на неговиот македонски народ а сите други соседни пропаганди за приграбување на уште една територија и историја. Затоа е тој колосален темелник на македонската борба и што повеќе удираат по него се повеќе ќе им се враќаат ударите назад повредувајќи ги нив самите, што повеќе удираат поголем ек добива тоа удирање па повеќе се збираат од други страни и се дознава вистината за нас и нашата посебност.
|