Јазично-македонска црквена борба XVI век

1550 год. Охридскиот поглавар Прохор умира, но се до смртта како Македонец по род, тој го форсира црковно-македонскиот јазик до каде има надлежност. Наредува, по епархиите светите книги и административната преписка да се пишуваат на истиот наместо на грчки.


 
Охрид

Со ова, Прохор возвраќа таму каде српскиот отпадник Павле има успех. Павле, Турците ги придобива со услуги а свештениците чепкајќи по националните чувства на Србите (неразбирливоста на грчкиот јазик). Но Прохор за разлика од Павле - кој ја има само Србија под свое, има многу земји од крајниот запад до крајниот исток и од југ кон север под своја управа па е и повнимателен со етничките односи и чувства.

За да се сфати дотогашното користење грчки јазик во македонска црква, нужна е компарација со слични збиднувања. Така, во исто време и Елизабета I во Британија форсира англиски јазик по црквите виза ви латинскиот од кои свештенството (иако повеќето Британци) тешко се одрекувало. Сето ова е заради раширената пропаганда за само три “свети јазици”- латинскиот, грчкиот и еврејскиот.


Елизабета I

Елизабета I долго води борби со својата црква и народ дури да го зацврсти англискиот јазик во Англија а камо ли пошироко (денес светски најраширен). И Англичаните од тогаш како и Македонците долго се заплашувани дека јазиците не им се свети (денес пак “светите“-латински и старогрчки јазик се веќе изумрени!)

Но денес ни се поттура и друга гнасна пропаганда. И Бугарите и Србите врз ова користење на грчкиот јазик, одат со теза дека поглаварите на Охридскиот свет стол биле Грци па и црквата ни е грчка?! Дури и навистина да биле сите Грци (а не биле), тоа не ја менува македонската националност на свештенството и паствата.

Што би останало од оваа теза ако одејќи според нејзината логика и сите Италијани - католици да ги прогласиме за Пољаци оти папата Јован Павле на светиот трон во Рим (Ватикан) бил Пољак?! Ќе мора сите нив пак сега да ги преобразиме во Германци зашто новиот папа пак е Германец?!).

Разбирливо е зошто во тоа време некои работи потешко оделе.Кога од корен нешто се менува е тешко сфатливо па и замената на грчкиот јазик со црковно-македонски, дури и од македонски митрополити. На соборот од 1529 год. заради форсирањето на црковно-македонскиот јазик не учествувале костурскиот, мегленскиот, струмичкиот и гребенскиот митрополит како и сите албански митрополити. 

Но учеството на сите останати македонски митрополити како и учеството на следниот собор од 1532 год. на сите македонски митрополити вклучително и тие кои не беа на претходниот (освен костурскиот) ,доволно кажува дека работите се средиле и прифатиле без посебни судири (за компарација, на Елизабета I ќе и се потребни децении да ги навикне Британците свештеници да служат на англиски)

1550 год. Прохор умира но на Охрид му остава богат книжевен фонд со дела на црковно-македонски јазик. Кога лично пишува, Прохор користи жив македонско говорен јазик (“Пише, да се знает, да се имат“). Развива и препишувачка дејност кај монаштвото низ Македонија како:

*1536 год. анонимен монах го препишал житието на Св. Јован Рилски по порачка на Игуменот на атонскиот манастир Ксенофонт,

*1536 год., во Кратовскиот манастир “Пирг“, јероѓаконот Силвестер, го препишал минејот,

*1542 год., во Охрид по порачка на Прохор, инокот Сисоја го препишал “ за чиноначалие “ од Дионисиј Ареопагит,

*1547 год., истиот инок Сисоја го препишува “Точно изложение на православната вера “ од Јован Дамаскин и творбата на Григориј Палама,

*1540 год., јероманахот Пахомиј го препишал требникот ставајќи напоредно и белешки на македонски говорен јазик,

*1545 год. истиот јероманах Пахомиј го препишал и зборникот со аскетски статии, како и минејот за месец јуни за “Слепчанскиот манастир “ и.т.н..

Едноставно, редици македонски препишувачи низ XVI век насекаде го пренесуваат и рашируваат македонскиот говорен и црковен јазик. Особено се истакнал и Пелагонискиот епископ Григориј кој од грчки на црковно-македонски ги превел проповедите на солунскиот ипоѓакон Дамаскин Студит.

Григориј Пелагонски всушност дал поттик за натамошните преводи на дамаскините, во кои преведувачите и препишувачите внесувале и обилие од македонскиот говорен јазик. Познати се и две негови проповеди – за митарот и фарисејот и за блудниот син. 

“Лесновскиот манастир“ како и Кратово во ова време израснуваат во најголем македонски јазично-книжевни центар со најголеми библиотеки и препишувачки училишта. За жал, токму негаторите на македонскиот народ го разграбуваат ова национално богатство низ најразлични форми, денес е во библиотеките на Софија, Белград, Москва и ширум Европа.


Лесновскиот манастир  извориште на македонската црковна писменост и препишувачка дејност во XVI век

И бидејќи границите на Охридската патријаршија се огромни со граници од Сицилија до Русија и од Молдавија до Албанија и Ахаја, низ сето православие е форсиран македонско-црковниот јазик. Токму од таму на сите нив наметнато црковно македонско СЛОВО е наречено – СЛОВенски јазик, кој еве до денес ни го продаваат како сечиј “нивни” само не наш – македонски?! (Русите кои се сметаат за некаков патроним на “словенството“ дури во XVI век добија црква за прв пат и тоа од Охридскиот поглавар!)

(Извори - Gelcer, H.: Underruchte ungenugend veroffentlichte Texte der Notitae Episcopatum. Munchen 1901; Gelcer, H.:Der Wiederaufgefundene Kodex de Rl. Klimens und andere auf den Patriachat Achrida bezugliche Urkundensemmlungen. Berichte uber die Varhandlungen des Koniglich sachsischen Geslaschaft der Wissenenschaft zu Leipzig. Phil. Hist. klasse, 55 B, II; Zinkeisen, J.W.: Geschichte des osmanischen Reiches in Europa, III, Gotha 1854; Ricaut : Histoire de l`eglise gresque et l`eglise dermennien. Paris 1832; Hammer : Histoire de l`empure Ottoman, IV; С. Димевски : Историја на македонската православна црква, скопје 1989 год. и др.)