Факти за Пеќката патријаршија
Развој на македонската црква во однос на српската (ср. век)
1408 год., Охрид конечно е под Турците (до смртта на кралот Марко 1395 год. Македонија е автономна а особено Охридската патријаршија по која Турците не посегаат).
Крал Марко (1371-1395)
|
На Турците, новонационалните цркви со шизми им се терет па ги признаваат само најстарите како македонската црква (што пак оваа го користи по падот на Србија и Бугарија, да си ги врати епархиите).
Турците се држат настрана од самостојноста на македонската црква зашто Византија сеуште е непотчинета (не им е потребен бес и од христијанските маси под Охрид а при неосигурен грб.)
1453-1466 година, Пеќката диецеза е целосно под Охрид со што Србите долго не можат да се помират. Но македонската црква ги добива и Влашко и Молдавија-право стекнато уште со диецезата на Јустинијана Прима во VI век. За проширувањата на рака оделе и настаните. Имено:
• 06.VII.1439 год., во Фиренца, царот Јован VIII Палеолог, патријархот Јосиф со епископи и игумени на Цариградската црква стапуваат во унијатсво со Ватикан (кардиналот Јулијан Чезерини и никејскиот архиепископ Висарион прогласуваат унија)
• до падот на Византија, 14 (четиринаесет) години “Вселенската“ црква НЕ Е ПРАВОСЛАВНА, но УНИЈАТСКА, што е во надеж за спас од западот при војна со Турците. Со ова, македонската црква ќе остане ЕДИНСТВЕНАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА.
• 1452/1453 год., некои војводства- епархии на Цариград не сакале да се одрекнат од парвославието. Влашко и Молдавија го протерале митрополитот на Цариград. Молдавскиот војвода Александрел бара помош од Охридскиот патријарх Никодим кој го ракоположи Теокист за молдавски митрополит и од тогаш овие две војводства се дел од Охридската диецеза.
• Турците не се мешаат во проширувањата на македонската црква, дури гледаат и благонаклоно заради сојузот Цариград - Рим кој го сметаат за политички против Турција.
• Охридската патријаршија станува најголемата воопшто некогаш - на запад ги превзема енориите во
Мехмед II својувачот
|
Апулија, Калабрија и Сицилија (Италија) како и Венеција и Далмација а на исток уште и Романија, Буковина, Бесарабија се до утоките на Дунав и Дњестар. Целото православие е обединето под македонската црква (многу е интересно кога денес српската и го оспорува автокефалното право на нашата црква!)
По падот на Цариград, со време и “Вселенскиот стол”, ги мири односите со Турција. Раскинува со Рим и се враќа на православието но и соработува со Портата за покорност на рисјаните (Цариградската црква ќе фрла анатеми на секое христијанско востание-дури и на грчките!)
Со Мехмед II Освојувачот (1451-1481) се менува односот кон македонската црква. Охридскиот поглавар - Доротеј со клерот е одведен во Стамбол од недоверба при војната со Скендер бег. Со Бајазид II, Селим I и Сулејман Величествениот, исламизацијата е се пожестока.
(Извори - Gelcer, H.: Underruchte ungenugend veroffentlichte Texte der Notitae Episcopatum. Munchen 1901; Gelcer, H.:Der Wiederaufgefundene Kodex de Rl. Klimens und andere auf den Patriachat Achrida bezugliche Urkundensemmlungen. Berichte uber die Varhandlungen des Koniglich sachsischen Geslaschaft der Wissenenschaft zu Leipzig. Phil. Hist. klasse, 55 B, II; Zinkeisen, J.W.: Geschichte des osmanischen Reiches in Europa, III, Gotha 1854; Ricaut : Histoire de l`eglise gresque et l`eglise dermennien. Paris 1832; Hammer : Histoire de l`empure Ottoman, IV; С. Димевски : Историја на македонската православна црква, скопје 1989 год. и др.)
|