Како лош сон

Филм од 2003 година


Филмот „Како лош сон“ ни прикажува неколку судбини на обични луѓе фрустрирани од нивната околина, оптеретени со трауми од војните, кои доаѓаат во големиот град во обид да го избришат делот од нивниот живот кој наликува на ЛОШ СОН.

Повремено ликовите комуницираат меѓусебно, суптилно преплетувајќи се, но без можност да си влијаат меѓусебно.

Главниот лик е Шејтан, кого судбината го фрлила во виорот на последните балкански војни. Тој вели: „Убивав, силував, некој друг започна, некој друг рече 'Да одиме'.“ Неговата љубов кон Иконија е прекрасен сон. „Ќе го вратиме времето и ќе започнеме повторно, толку си далеку што боли“
Болката на индивидуата е метафора за распаднатиот свет.

Друг лик во филмот е Иван, момче на 20тина години кој доаѓа во големиот град по добивањето стипендија. Тој успева да ги избегне војните на Балканот. Полн со самодоверба и задоволство, тој присуствува на предавањата на ПРОФЕСОРОТ.

Во домот на професорот, под влијание на дрога и алкохол Иван ја губи контролата и е силуван. Будењето е болно. Единствено што сака да стори е да се врати дома, во Македонија, кај жената во која е вљубен.
Според драмата „ММЕ кој прв почна“.

Режија: Митриќески Антонио
Сценарио: Дуковски Дејан, Митриќески Антонио
Продуценти: Анастасов Владимир, Митриќески Антонио, Нола Игор
Главни улоги: Манојловиќ Предраг - Мики, Шабан Ертан
Споредни улоги: Ветерова Искра, Груби Феми, Недеска Верица
Сценографија: Бартлинг Иван Вања, Спасески Кирил
Тон: Зафировски Братислав - Брацо

Сценарио: Даниела Митриќевска
Директор на фотографија: Јарослав Шода
Монтажа: Андрија Зафрановиќ, Марио Алојзие Лубина

Актери: Роберт Енглунд